Како што најавивме, денеска сме тука за да ги презентираме нашите конкретни предлози за надминување на кризата во која се наоѓа Град Скопје, изјавија од СДСМ.
Состојбата е алармантна. Јавниот превоз не функционира. Сведоци сме на преполни контејнери, смет насекаде. Оосновните услуги што ги заслужуваат граѓаните, се целосно запоставени, рече Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.