Сараево: Хеликоптер на вооружените сили на Босна и Херцеговина се урна во областа на езерото Јабланица, јави тамошното Министерство за внатрешни работи.
Во хеликоптерот имало четворица членови на екипажот. Според првичните информации, тројца од нив не се повредени, а еден побарал медицинска помош.