Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сè уште се трага по исчезнатите од јахтата во која се наоѓаше и „британскиот Бил Гејтс“, Мајк Линч

0
By Marija Todorovska on August 20, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Палермо: По потонувањето на луксузната јахта вчера во бура кај Сицилија се трага по шестмина исчезнати меѓу кои се британскиот технолошки претприемач Мајк Линч (59) и неговата ќерка Хана (18), претседателот на банката Morgan Stanley International Џонатан Блумер и адвокатот Крис Морвило.

Ова го соопшти цивилната заштита на Сицилија додавајќи дека на луксузната 56-метарска едрилица имало 22 лица, државјани на САД, Велика Британија и Канада. Спасени се 15 лица, а потврдено е дека е пронајдено телото на готвачот.

Сведоци за италијанската новинска агенција Анса изјавиле дека сидрото на едрилицата било спуштено кога ја погодило невремето, поради што јарболот се скршил, а бродот изгубил рамнотежа и потонал. Потонатиот брод лежи на морското дно на длабочина од 50 метри, а нуркачите се подготвуваат да ја продолжат потрагата по исчезнатите.

Мајк Линч, еден од исчезнатите патници „е британскиот Бил Гејтс“. Тој е коосновач на софтверската компанија Autonomy, а во 2011 година ја продаде на американскиот компјутерски гигант Hewlett-Packard (HP) за 11 милијарди долари. Во јуни, тој беше ослободен во САД од повеќе обвиненија за измама, поради кои му се закануваше казна од 20 години затвор.

Јахтата потона истиот ден кога Стивен Чембрлен кој беше обвинет со Линч во случајот со измама, почина откако го удри автомобил.

Луксузната едрилица може да прими до 12 гости во шест апартмани. Сопственичката е Анџела Бакарес, сопругата на Линч, која е една од 15-те спасени луѓе. Преживеале и мајка и нејзиното едногодишно бебе од Велика Британија. Жената раскажала дека го држела своето бебе над површината на морето за да го спаси од давење.

Таа за италијанскиот весник „Ла Република“ изјави дека нејзиното семејство преживеало бидејќи биле на палубата кога потонала јахтата.

– Не разбудија громови, молњи и бранови. Се чувствувавме како да доаѓа крајот на светот. На две секунди ја изгубив ќерка ми во морето, а потоа брзо ја прегрнав, ја цитира весникот. Преживеаните раскажуваат дека патувањето го организирал Линч за неговите колеги од работа.

Брод кој пловел под холандско знаме во близина ги спасил преживеаните додека не пристигнала итната помош. Откако невремето поминало, капетанот Карстен Борнер рече дека неговиот екипаж забележал дека јахтата зад нив исчезнала.

„Видовме црвен факел, па јас и мојот прв офицер отидовме на позицијата и најдовме чамец за спасување со 15 преживеани, од кои тројца беа тешко повредени, изјави тој.

Осуммина од спасените се пренесени во болница, соопшти италијанската крајбрежна стража.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.