Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Секој заслужува прегратка, ако ме разбирате что сакам да кажам

0
By Zoran Ivanov on August 31, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јас знам што Героски прави: се скрива под “сукњата на народот”, поточно под чадорот на Мицкоски, се обидува да му влезе под кожа, занесувајќи се дека, прво, се работи за феноменално “национално перо”, а во суштина сака само да биде барем еднаш сакан и возљубен од една влада.

Ненад Јовановиќ

Героски, Бранко, нашето “национално перо” вели: не се повеќе “тачевци” и “заевци”, денес имало нова национална влада која ќе воспоставела нови национални политики во земјава. Македонците биле “деноминирани”, понижени, и така натаму и така наваму.

И Милошевиќ, како и Добрица Ќосиќ, во нивните штембилни глави мислеа дека им пружаат можност на масите да учествуваат во историските случувања така што ги хушкаа масите кон неистомислениците внатре во земјата, поточно ги хушкаа масите кон нивните сонародници кои не ги делат нивните “вредности”.

Ако Героски мисли, заедно со неговиот полу Бог Мицкоски, дека од се’ ова денес ќе излезат како победници и доживотни владетели на “нашата земја”, едноставно говори две работи:

1.) Опасно непознавање на локалните и глобалните (не)прилики;

2.) Еднаш, придвижените популистички матрици се одвојуваат, наочи хаотично, ама преку детерминирана траекторија која во конечниот скор, исто така неизбежно, се одбиваат од главите на мотиваторите (за малку не реков, грешна ми душа – хушкачите).

Јас знам што Героски прави: се скрива под “сукњата на народот”, поточно под чадорот на Мицкоски, се обидува да му влезе под кожа, занесувајќи се дека, прво, се работи за феноменално “национално перо”, а во суштина сака само да биде барем еднаш сакан и возљубен од една влада.

Мицкоски, сине брат ми, колку и појма да немаш од политика – оти го боли и пече пустиот! – те замолувам да го сакаш (не мора да го љубиш) нашето “перо на Национот”. Аман, човеку!

Заев и Таче не го сакаа. Барем ти сакај го; го гледам како е тргнат со текстулчињата на хушкање, не оди на добро работава. На стари години едноставно на човека му треба само топла прегратка барем од една власт.

Ајде, премиере Мицкоски. Гушни го Бранко Г., искрено и човечански те замолувам.

Фала на разбирањето.

Секој заслужува прегратка, ако ме разбирате что сакам да кажам.

Од Фејзбук ѕидот на авторот

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.