Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Секоја влада има своја милијарда

0
By Zoran Ivanov on May 13, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мирче Јовановски

Во Платформата #1198 на ВМРО-ДПМНЕ никаде го нема споменато задолжувањето од милијарда евра. Нејасно е кои се мотивите за давање толкав износ пари на нашата земја од непозната држава и што ќе се бара за возврат

Почна со „милијардата на Циле“, ги паметиме и инвестициските бумови од осум милијарди на тогашниот премиер Никола Груевски, и на минатата влада на СДСМ која најавуваше 5 милијарди евра, а сега дојде на ред и милијардата (евра) која ја соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како сосема извесен мандатар за формирање на новата влада.

Претходните ветувања завршија неславно – парите од тајванските кредити ги враќавме сите, најавените инвестиции на Груевски и на СДСМ никогаш не се реализираа ниту приближно во таков обем како што беа помпезно најавувани. Голем дел од тие инвестициски проекти се најдоа и во партиските програми за изборите коишто завршија во средата.

Дали и милијардата на Мицкоски ќе ја има истата судбина? Би било неблагодарно да се зборува „пред рака“ и да се посакува неуспех. Напротив, би било супер доколку она што го замислиле во партијата којашто победи на изборите целосно се реализира, бидејќи тоа би било во полза на граѓаните на економијата во целина.

Но, паѓа во очи дека оваа постизборна бомба на Мицкоски никаде не се споменува во Платформата #1198, програмата со која што ВМРО-ДПМНЕ настапи пред изборите и во која се содржани 1.198 проекти и мерки. Никаде го нема споменато задолжувањето од милијарда евра.

Во првото интервју по изборите Мицкоски само рече дека може да најави „еден финансиски пакет, соработка влада со влада, во вредност од една милијарда евра со исклучително поволни услови, со добар грејс период, со исклучително атрактивна каматна стапка“, а на дополнителното прашање потврди дека станува збор за кредит од друга држава, но не откри други детали.

Без оглед што станува збор за „исклучително поволни услови“, заем си е заем, и тој секако ќе влијае на висината на јавниот долг, кој и онака е на границата од 60 отсто од БДП, која се смета за критична и е дел од фискалните правила и мастришките критериуми за еврозоната, која и кај нас се зема како репер за презадолженост.

Исто така, во предизборните настапи и во целиот период во кој настапуваа како опозиција, од ВМРО-ДПМНЕ беа исклучително критични и гласни за степенот на задолжувањето коешто го направи минатата влада. За нив не држеа аргументите дека тоа е направено во време на здравствена, економска и енергетска криза, како и дека најголемиот дел од тоа задолжување беше заради поддршка на граѓаните и на компаниите во овие кризни времиња, што во крајна линија овозможи спасување на илјадници работни места.

Напротив, преовладуваше наративот за презадолжена држава, која само што не прогласила банкрот.

Од каде тогаш сега потребата првата работа што ќе се направи по освојување на власта да биде дополнително задолжување, па било тоа и по исклучително поволни услови, со ниска каматна стапка и со долг грејс период?

Економистите постојано ја повторуваат мантрата дека нема бесплатен ручек. Дури и најповолниот заем, доколку не биде искористен продуктивно и наменски, на крајот ќе излезе скап. Прашање е само кој ќе ја плати сметката. Во досегашните случаи, без исклучок, тоа беа граѓаните, даночните обврзници, на чии плеќи паднаа сите промашени проекти и земени кредити кои беа искористени непродуктивно и кои не ја раздвижија македонската економија.

Нема поголем доказ за ова од скромниот економски раст кој што го имаме во изминатите децении, а кој не надминува во просек 1,5- 1,9 отсто. Премалку за да се каже дека е остварен потребниот раст кој што ќе нѐ продвижи напред и ќе нѐ приближи до просечниот европски стандард.

Потврда за тоа е и кредитниот рејтинг којшто го добива земјата од реномираните меѓународни агенции, а кој не е мрднат од место, ако не се сметаат повремените поместувања од стабилен, во позитивен изглед и обратно. Нашата држава е далеку од инвестициски рејтинг, за разлика од некои од земјите во регионот, па и од непосредното соседство кои веќе го достигнаа или се на чекор до тоа. А, таквата оцена е најдобра препорака и за странските инвестититори и за поволни заеми.

Во очекување да се обелодени земјата добротвор, дел од медиумите јавија дека тоа со сигурност не се Кина, Русија и Турција, оставајќи простор дека тоа можеби се Обединетите Арапски Емирати, од каде што, на пример, се инвестира проектот „Белград на вода“ во Србија.

Во дел од дебатните емисии веќе се постави прашањето како е можно Мицкоски да преговара за толкав износ пари од позиција на лидер на опозиција, без сѐ уште да го има добиено мандатот за состав на влада.

Исто така „виси“ и прашањето кои се мотивите за давање толкав износ пари на нашата земја и што ќе се бара за возврат.

Дел од економистите коментираат дека бројните ветувања кои што ги испорача ВМРО-ДПМНЕ, пред сѐ линеарното зголемување на пензиите за 5.000 денари, но и други мерки, а од друга страна рамниот данок и најавата за негово намалување на осум отсто, не одат заедно и дека такво нешто е можно да се реализира само со нови задолжувања, а не со постојните буџетски приходи.

Ваквата резервираност произлегува и од „тајмлајнот“ односно временската рамка со која се таргетираат одредени мерки, како што се зголемувањето на пензиите (2.500 денари во септември и плус уште 2.500 денари во март идната госдина), за што ќе бидат потребни големи финансиски средства, а од друга страна, изворите од каде што ќе се обезбедат таквите износи пари (се посочуваат договорните обврски во Буџетот и борбата против сивата економија), не може на краток рок да испорачаат толкав износ на пари.

Тоа покажува дека на идната влада ќе ѝ бидат потребни прилично големи пари за да ги исполни ветувањата, пред сѐ кон пензионерите и тоа уште во првата година од својот мандат. Но, тешко е да се поверува дека во истиот тој период ќе може да се направи рез во договорните обврски преземени со Буџетот, а уште помалку да се има видлив успех на планот на сивата економија, за што реално ќе биде потребно подолго време и целосна посветеност.

А, дали најавената милијарда ќе биде вовед во нов инвестициски бум, или само уште еден чекор кон зголемување на јавниот долг, ќе се види наскоро. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.