Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шабан Салиу: Декадата на Ромите ќе ја спроведувам со тим од 25 луѓе, а не двајца или тројца како претходно

0
By Zoran Ivanov on June 27, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Салиу очекува со ребалансот на буџетот да биде прифатено неговото барање за акциските планови за вдомување, вработување, здравство и образование. „Премиерот Мицкоски знае дека животен сон ми е да ги подигнеме Ромите од вековната сиромаштија, од вековната неписменост, еден дел од Ромите се уште питачат по улиците итн. Мора да направиме законски и системски решенија кои ќе се однесуваат на ромската заедница кои ќе извршат промени во средините и населбите да се регулираат и да се отстранат оние супстандардни живеалишта, да се среди инфраструктурата, односно водоводната мрежа во ромските маала како што се Тризла (Прилеп), Баир (Битола), Топана (Скопје) итн“, потенцира Салиу.

Дехран Муратов

Интеграцијата кај Ромите е најболното прашање. Интеграцијата е силно поврзана со основните фундаменти на Декадата, а тоа е образование, вработување, вдомување и здравство. Декадата на Ромите не ги оправда очекувањата на ромската заедница во претходниот период и не беше добро спроведена, односно суштински не се подобри животот на Ромите, вели Шабан Салиу, министер без ресор, одговорен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите, во ексклузивно интервју за ЦИВИЛ Медиа.

„За разлика од преходно, во мојот кабинет ќе има веднаш 7 вработени, а потоа уште 18 лица. Вкупната бројка на вработени ќе биде 25 лица. Што значи дека Декадата на Ромите нема да ја водат двајца или тројца, туку ќе ја води цел тим од 25 луѓе“, вели Салиу.

Тој вели дека ја подава раката кон сите Роми кои сакаат да работат во унапредување и интеграција на ромската заедница, без разлика од која партија доѓаат или доаѓаат од невладин сектор.

„Ние ќе имаме човек кој ќе биде задолжен да соработува со невладините организации тука во држава, но и во странство со европски фондови“, додава Салиу.

Салиу очекува со ребалансот на буџетот да биде прифатено неговото барање за имплементација на акциските планови за вдомување, вработување, здравство и образование.

„Премиерот Мицкоски знае дека животен сон ми е да ги подигнеме Ромите од вековната сиромаштија, од вековната неписменост, еден дел од Ромите се уште питачат по улиците итн. Мора да направиме законски и системски решенија кои ќе се однесуваат на ромската заедница кои ќе извршат промени во средините и населбите да се регулираат и да се отстранат оние супстандардни живеалишта, да се среди инфраструктурата, односно водоводната мрежа во ромските маала како што се Тризла (Прилеп), Баир (Битола), Топана (Скопје) итн“, потенцира Салиу.

Шабан Салиу, министер без ресор, одговорен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите / фото: Ариан Мехмети / ЦИВИЛ

Во однос на укинување на балансерот и да се воведе соодветна правична застапеност, тој вели дека уште повеќе им одговара на Ромите.

„Знам дека сите очи се вперени кон ова министерство и очекувањата на Ромите се многу големи, но ветувам дека нема да ги разочарам“.

Тој додава дека ќе има вработени Роми во сите институции и министерства, но не како метлачи и чистачи, туку ќе бидат во институциите на системот во органите на државната управа.

„Веќе договоривме да имаме 4 директори“, вели тој.

Салиу додава дека покрај вработувањата, планира да има фонд не само за инфрастурни проблеми, туку и за санација на домовите на сиромашните Роми.

„Очекувам да има социјални станови кои нема да се делат како до сега, кој, кого имаше пријател, и излезе дека Ромите се најбогати во тој случај. Од 500 стана, еден или двајца Роми ќе добиеја социјални станови. Се знае дека во државата Ромите се најсиромашни од сиромашните и не треба некој да ни дава подароци“, вели Салиу.

Тој вели дека ќе се бори против дискриминацијата на Ромите во сите свери во општеството, но и против говорот на омраза.

Шабан Салиу, министер без ресор, одговорен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите / фото: Ариан Мехмети / ЦИВИЛ

Салиу нагласи дека повеќе од 20 години Европската унија испраќа забелешки и препораки во однос на Ромите. Во сите препораки им се укажува на Владите дека ромската заедница е во многу лоша состојба.

„Имаше забелешки дека оваа Влада им даде само министерство за Ромите, а другите помалкубројни етнички заедници немаат министерство. Токму поради лошата состојба на ромската заедница се формира оваа министерсво за да се подобри животниот стандард“, вели тој.

Салиу додава дека со подобрување на состојбата на Ромите во образованието, вдомувањето, вработувањето и здравството ќе и даде предност на државата и подобра положба при влезот во ЕУ. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.