Софија: Граѓаните на Бугарија денеска избираат 240 пратеници во 51-тоНародно собрание. Ова се шести предвремени парламентарни избори по редовните на 4 април 2021 година. Последните предвремени избори се одржаа на 9 јуни годинава.
Изборниот ден почна во 7 часот, а завршува во 20 часот, и може да се продолжи до 21 часот ако пред избирачкото место има гласачи кои не гласале. Гласањето во странство започнува во 7 часот и завршува во 20 часот, односно 21 часот по локално време.
На изборите за Национално собрание учествуваат 19 партии, девет коалиции и еден независен кандидат.
Според податоците на „Алфа Рисрч“, се очекува излезноста да биде меѓу 30 и 32 отсто.