Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шкариќ: Не е важно што пишува во Изборниот законик, треба да се почитува Уставот

0
By Zoran Ivanov on May 14, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Соња Танеска

Уставот е позначаен акт од Изборниот законик и според тоа треба да се почитува одлуката за уставното име на Република Северна Македонија која важи од 2019 година и се однесува на примена на името на државата. Токму затоа не е важно што пишува во Изборниот законик бидејќи Уставот е позначаен, вели професорот по уставно право  Светомир Шкариќ во коментар за Градска.мк за она што  за време на инаугурацијата во Собранието го направи новата претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

Таа  ја потпиша свечената изјава на која пишува Република Северна Македонија, но не го изговори целото уставно име. Потоа, грчката амбасадорка во Скопје, Софија Филипиду, ја напушти собраниската галерија среде заклетвата.

Иако во јавноста имаше тврдења дека во Изборниот законик стои името Република Македонија, сепак според професорот Шкариќ е многу јасно кој правен акт е најважен, бидејќи според официјалните документит придавката „Северна“ во името на државата е регулирано со 33-от уставен амандман, изгласан на 11 јануари 2019-та.

Во Уставот „зборовите Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со „Северна Македонија“, освен во членот 36. Од тогаш до сега, за овие 5 години, Изборниот законик е менуван неколку пати, но не и овој член.

Од денот на влегувањето во сила на амандманот XXXIII, употребата на придавката во однос на државата, државните органи и јавни институции и во однос на употреби согласно Конечната спогодба е во согласност со името на државата или со нејзинотот скратено име и гласи „на Република Северна Македонија“ или „ на Северна Македонија“.

Исто така донесен е и Уставен закон за спроведување на 4-те амандмани, кој предвидува дека „одредбите од амандман 33 во прописите и другите акти на државните органи се применуваат од денот на влегување во сила на овој закон“. Со измени на уставниот законик се определува дека новото име важи во сите домашни прописи без да мора да се менуваат сите закони еден по еден.

Меѓународната заедница очекува Северна Македонија да ги почитува билатералните договори, пред се Европската Унија и САД Грција, која е земја потписничка на Преспанскиот договор, до овој момент не се дојдени до точка да стават вето, но дека почитувањето на Преспанскиот договор е неопходен предуслов за ЕУ перспективата на Северна Македонија.

Од Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова, пак, вчера информираа дека таа ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, но дека во своите јавни настапи има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација.

Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име. Македонските институции во последниве пет години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата, велат од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја окарактеризира одлуката на Сиљановска-Давкова како недозволива и провокативна и ја повика „да се врати на законските должности и на однесувањата кои произлегуваат од нејзината улога“. Во објава на Фејсбук, Мицотакис порача дека „секој чекор на Скопје кон Европа“, меѓу другото, зависи и од употребата на уставното име.

Од германското Министерство за надворешни работи вчера порачаа дека Северна Македонија има обврска да го почитува Преспанскиот договор. Владата во Берлин, како што пренесе Дојче веле, сака да ја продолжи соработката со новата влада во Скопје, и смета дека е важно земјата да го продолжи патот кон ЕУ и да ги спроведе неопходните реформи на тој пат.

Од македонското Министерство за надворешни работи апелираат сите политички чинители, особено избраните државни функционери, да бидат внимателни кон меѓународно признаните договори.

За важноста на Преспанскиот договор и за соработката меѓу двете држави телефонски разговарале и поранешните премиери на Северна Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Ципрас и Заев разговарале за политичкиот случувања кај нас, а освен важноста на Договорот од Преспа, според информациите на МИА од Атина, посочиле и „колку е лицемерен и опасен националистичкиот популизам што се разви и на двете страни“.

Паралелно се договориле во следниот период да преземат заеднички иницијативи за поддршка и имплементација на Договорот од Преспа, за унапредување на односите меѓу народите на Грција и Северна Македонија и за мирот и стабилноста во поширокиот регион. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.