Ја поддржуваме Украина најсилно што можеме и истовремено се грижиме НАТО да не биде страна во војната, за оваа војна да не се претвори во уште поголема катастрофа, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц пред почнувањето на средбата зад затворени врати во Берлин со претседателот на САД на Џозеф Бајден.
Благодарение на вашето раководство, планот на Путин пропадна, Украина не беше преземена за само неколку дена, туку преку храброста на нејзините војници и поддршката на многу земји… таа се спротивстави на рускиот империјализам повеќе од две и пол години“-, му рече Шолц на Бајден.
Тој изјави дека Германија „ќе остане на страната на Украина се додека е потребно“.
Заедно сме посветени на силно НАТО кое го брани секој квадратен сантиметар од територијата на Алијансата. Секоја членка на нашата Алијанса може да смета на тоа, рече Шолц.
Израел има право да се брани. За мене е важно да го кажам тоа многу јасно. Ние стоиме покрај Израел, рече Шолц.
Американскиот претседател ги повика сојузниците на Украина да останат решителни и да го поддржат Киев, кој влегува во тешка зима.
Германија и САД се двете земји кои во најголема мера ја поддржуваат Украина како независна нација. Ве молиме да продолжите да го правите тоа“, рече Бајден.
Тој ги поздрави напорите на Шолц фундаментално да го смени долгогодишниот принцип на Германија да не испраќа или продава оружје во конфликтните зони како одговор на рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година.