Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпанскиот воз на слободата се бори за правото на абортус

0
By Светлана Јовановска on February 1, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денес во Мадрид пристигна “возот на слободата”. Овој воз тргна од северот на Шпанија носејќи ги милитантите за слобода на абортусот а во Мадрид го пречекаа илајдници протестанти, облечени во виолетово – боја на феминистите од Шпанија, кои бараат од владата на Рахој да го повлече законот кој го забранува абортусот во оваа земја.

“Ова е мое право, ова е мој живот”, “Слобода за абортусот”, извикуваа протестантите собрани околу станицата Аточа кои го дочекаа возот. Шпанските медиуми јавуваат дека протестот се одвива со празнична атмосфера а протестантите се дојдени од сите страни на земјата и од странство. Помеѓу нив има мажи и жени кои се бореле за право на абортус уште во 80те години и кои за тоа успеале да се изборат. Сега новиот шпански закон им се чини како напад брз историските придобвки. Тие кои се сеќаваат на тие протести пред повеќе од 30 години тврдат дека денешниот е поголем од претходните.

Мариа Пилар Санчез, 57 години, за АФП се сеќава на првиот закон за абортусот на шпанската демократија. “Не можев ни да сонувам дека повторно ќе се најдеме овде за да се бориме за нешто што за нас беше придобивка. Не сакаме да се вратиме 40 години назад кога абортусот на Шпанија беше злосторство. Не сакаме тоа повторно да се случи”, вели таа.


Фото Ел Паис

“Ел Паис” ја пренесува изјавата Португалката Рита, завиткана во шпанско знаме, која дошла да протестира заедно со сопругот и двете деца од 3 и 5 години. “Јас цврсто верувам дека овој закон се обидува да ги стави еднаш засекогаш жените во кујната”, вели Рита.

Нацрт законот против кој се протестира го дозволува абортусот само доколку физичкото или психичкото здравје на жената е загрозено или кога станува збор за силување кое претходно било предмет на тужба. Малформацијата на фетусот повеќе не е добра причина за абортус.

Овој нацрт беше усвоен од конзервативната влада на Мариано Рахој во декември и тој го поништува текстот на законот од 2010 година што го донесе социјалистичката влада. Според претходниот закон абортусот беше дозволен до 14 недела од бременоста за сите жени без посебна причина и до 22 недели доколку е констатирана малформација на фетусот или тешка физичка или психичка опасност за жената.


Фото Ел Паис

Нацртот на владата на Рахој е критикуван помеѓу левите партии и феминистичките движења но и од страна на десницата бидејќи го исклучува абортусот во случај на малформација на фетусот.

Оваа намера на шпанската влада предизвика реакции и вон од Шпанија. Шпанскиот нацрт закон во Европа се оценува како регресија. Феминистичките движења организираат протести денес и во 34 градови во Европа како Лондон или градови во Франција.

Во Брисел се одржаа протести во средата. Во Париз денес се очекува протест пред шпанската амбасада а протести се организирани и во Бордо, Марсеј, Нант, Стразбург, Тулуз и уште триесетина градови. На овие протести е најавено присуството на невладини организации и организации за заштита на човековите права.

Шпанските протестанти се чувствуваат отуѓени од Европа. Во Белгија, Италија, Германија, Франција или Португалија жените можат да ја прекинат бременоста, во легални рокови, без да ги објаснуваат причините на таквата одлука.


Фото Ел Паис

Протестантите бараат оставка на министерката за здравство Ана Мато и министерот за правда Алберто Луиз Галардон.

“Новиот закон е огромен неуспех и назадување на сите права за кои жените се избориле. Тоа е закон кој од нас бара да бидеме мајки тогаш кога владата тоа го сака. Тоа ја намалува нашата слобода на одлучување”, вели Викторија Гарсија од Здружението за рамноправност. Според протестантите, во една демократија никој не може една жена да ја присили да биде мајка ниту пак да го криминализира правото да се абортира.

Во петокот возот застанал во Валадолид на северот на Мадрид каде што се одржуваше националната конвенцијата на Народната партија на Рахој кој таму беше пречекан од околу 2000 протестанти. Денес се очекува една делегација од протестантите на конвенцијата да и предаде манифест во кој се вели дека «мајчинството се штити преку добра информација, образование, здравство за сите, пристап до достојни плати и вработувања».

Истовремено конференцијата на шпанските бискупи го поздрави законот како «позитивен напредок» а организацијата «Да те слушнат», која е против абортусот и против хомосексуалните бракови, повика на протести «против фамилиофобијата» во Мадрид во недела.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.