Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што се случи вчера на скопскиот аеродром со косовската претседателка Османи при безбедносни проверки

0
By Marija Todorovska on August 2, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Д. Т

На скопскиот меѓународен аеродром вчера при безбедносна проверка на патници се случи инцидент со претседателката на Косово, Вјоса Османи Кадриу.

Додека претседателката на Косово Вјоса Садриу Османи  поминувала на гранична контрола на пунктот за безбедносна проверка во ВИП – салонот, вработен во ТАВ  побарал нејзиниот телефон и рачен багаж да помине низ скенер, но член од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ.  Сепак, рачниот багаж и телефонот биле вратени и поминале низ скенерот, според МВР.

Од МВР велат дека  половина час потоа, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши (полициски службеник) со уште две лица (полициски службеници) и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој и направил проблем на косовската претседателка.

Од ТАВ Македонија се огласија со соопштение во кое се наведува дека  Одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија постапи во рамките на своите овластувања и спроведе стандардна проверка на претседателката на Косово Вјоса Османи Садриу и на нејзиниот багаж на пунктот за безбедноста проверка во ВИП – салонот, со што, посочуваат, воопшто не беше загрозена авијациската безбедност и безбедноста на патниците.

Кабинетот на претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, синоќа преку соопштение демантира каква било вмешаност на членови на неговото лично обезбедување во денешниот инцидент на скопскиот аеродром, за кој што, велат, пренесуваат одредени медиуми.

Наспроти овие информации, членовите на безбедносниот тим на претседателот на Собранието Гаши биле присутни само за да се смири ситуацијата настаната од недоразбирањето меѓу обезбедувањето на претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, и припадниците на аеродромското обезбедување.

Обезбедувањето на претседателот Гаши, кои се вработени во МВР, интервенирале да ја смират ситуацијата и да им помагаат на нивните колеги за спроведување на безбедносните постапки при посета на ВИП личности.

Притоа потенцираме дека секое известување кое го сугерира спротивното е тенденциозно. Исто така, ги повикуваме и медиумите кои известуваат за овој настан да ги проверат тие информации пред да објават вакви тврдења и да постапат со професионална и етичка одговорност,  се наведува во соопштението од Кабинетот на Гаши.

Од кабинетот на претседателката Османи синоќа излегоа со реакција, во која го осудија однесувањето на вработените на македонскиот аеродром, бидејќи  е спротивно на секоја меѓународна практика, според која шефовите на држави кога патуваат се заштитени со дипломатски привилегии и имунитети.

“Спротивно на меѓународните практики и Виенската конвенција за дипломатски односи, обезбедувањето на скопскиот аеродром се обиде да и го одземе личниот телефон на претседателката.

Претседателката не дозволила такво нешто, бидејќи тоа би било сериозно прекршување. И покрај образложението на правилата што тимот на претседателката му ги соопштил на аеродромскиот службеник, тој се обидел физички да ја турне претседателката, при што луѓето од косовската полиција биле принудени да реагираат за да се отвори патот“, се вели во реакцијата на Беким Купина, советник за медиуми во Претседателството.

“Арогантното и насилничко однесување на службеникот на скопскиот аеродром, е без преседан и никогаш не се случило на ниту едно патување на претседател никаде во светот, вклучително и во земјите кои не го признале Косово.  Јасно се забележува дека во предметниот случај имаше тенденција да се испровоцира делегацијата на Република Косово и да се предизвика инцидент, се наведува понатаму во реакцијата.

“Треба да се напомене дека по влегувањето на претседателката во авионот, скопскиот аеродром не дозволил комерцијалниот авион да полета повеќе од еден час, под изговор дека словенечката држава не дозволува полетување, бидејќи не бил подготвен за слетување.

Кабинетот на претседателот стапи во контакт со словенечката страна, која не информираше дека такво нешто апсолутно не е точно и дека авионот ќе може да слета во предвидениот термин.  Претседателството го смета секој напад и нерегуларно постапување во спротивност со меѓународните конвенции на високи државни функционери како напад врз самата држава Косово.

Република Косово никогаш во својата историја не се однесувала на таков начин кон претседатели, премиери или министри на Северна Македонија или која било друга земја, ниту пак некогаш ќе дозволи такво нешто“, посочија од кабинетот на косовската претседателка.

Со реакција излегоа и од Алијанса за  Албанците на Зиадин Села, преку која изразува најостра осуда за инцидентот за кој велат дека е провокација против Република Косово.

„Алијансата за Албанците најостро ја осудува сериозната провокација против Република Косово, преку скандалозното однесување на службениците на скопскиот аеродром кон претседателот на Републиката, Н.Е. Вјоса Османи.

Итно бараме надлежните органи да ги истражат и санкционираат сите одговорни за овој скандалозен напад врз авторитетот на претседателот на Косово, кршејќи ги сите меѓународни протоколи и конвенции.

Власта на ВМРО преку вазалите на ВЛЕН, незадоволувајќи се со деградирањето што им го направија на Албанците во РСМ, сега се обидува да го омаловажи и навреди и Косово, па дури и претседателката на Република Косово.

За нас овој случај не е обичен инцидент, туку сериозна провокација за која треба да сносат одговорност и да побараат извинување од шефот на Владата, до луѓето кои учествуваа во овој случај.“, се наведува во реакцијата.

Преземено: Цивил Медиа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
ФОКУС

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните

ВЕСТИ October 17, 2025

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални…

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

October 16, 2025

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

October 16, 2025

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето

October 16, 2025
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.