Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите популисти се од еден сперматозоид!

0
By Zoran Ivanov on January 20, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Репортерот на Ен еден телевизија рече дека говорот му личел на писмена задача на некој ученик на гема “Пролетта во моето село”. Или така некако. Заедно со елементарни контрадикции: мир и слобода заедно со вонредни состојби на границата и во енергетскиот сектор, плус на границата со војска. И решение за два пола. Машки и женски. Трамп и Венс така решиле.

Бранко Тричковски

Додека го слушав Трамп, повторно ми дојде да мислам дека сите популисти кои ги преплавија светот, се направен од еден сперматозоид.

Сите ко да имаат во главата ген голем како компирест тумор, кој преку нивните усти и пози емитира безброј шупливи фрази при што шуплината е исполнета со епска поезија на оптимизмот.

Почнува златната ера во Америка, од денес Америка е слободна и Американците се слободни, Америка повторно ќе биде најмоќна и најбогата, никој нема да може да ја победи, ќе воведеме такси и порази што ќе ги плаќа светот и тие пари ќе ги искористиме за да ги направиме Американците повторно богати.

Блаблабла.

Репортерот на Ен еден телевизија рече дека говорот му личел на писмена задача на некој ученик на гема “Пролетта во моето село”.

Или така некако.

Заедно со елементарни контрадикции: мир и слобода заедно со вонредни состојби на границата и во енергетскиот сектор, плус на границата со војска.

И решение за два пола.

Машки и женски.

Трамп и Венс така решиле.

Не Господ во кој се колнат и не природата која не ја е.ат за ништо друго освен за безмилосна експлоатација.

Буши!

Нема Зелена агенда, има авенда на парата!

Се разбира дека ураганите, поплавите и пожарите, умреле од смеење!

Америка која Бајден ја остави во добра состојба во поглед, имено, на е енергетскиот сектор, зашто САД и денеска се најголем извозник на нафта и гас, па во поглед на вработеноста и порастот на џидипито и ниското ниво на инфлаццијата, Трамп на најбезобразен начин ја прикажа како Газа прелу барата, пропадната и уништена држава.

Им се заблагодари на хиспаноамериканците за гласовите и рече дека веќе денеска ќе потпише указ за протерување на 11 милиони нелегални имигранти, најмногу од Мексико. Ги ослободи автомобилџиите да произведуваат какви сакаат возила, значи без предност на електричните, што веројатно нема да му се допадне на неговиот главен финансиер и важен човек во неговата администрација, Илон Маск. Украина беше прикажана како маргинална тема. Односите со Русија начелно, кон Кина нема повеќе

инструменти за заострување на трговската односно царинска војна, така што сите најави на тој план се аут, особено што Маск е заинтересиран за олабавување на конфронтацијата со Пекинг од свои бизнис интереси.

За Европа ќе биде лошо.

Економски, енергетски, финансиски и одбранбено.

Колку- не се знае!

Балканот ќе остане без промена на диоптерот сеедно што има најави за некакви сепаратни надежи поради инвестициските најави на Кушнер во Белград и Албанија.

Нордот може да се надева дека откако Трамп го смени името на Мексиканскиот залив во Американски, може да го смени и името на Северна Македонија во Македонија.

Ако бидеме добри и во Обединета Македонија, со Македонски залив пред Солун.

Хахаха!

Делегацијата “Три М” вели дека капричозата што ја јаделе во некоја пицерија на Велигденските острови за време на инаугурацијата, била многу добра.

Утре се враќаат во Таткивината,

Да ја продолжат Златната ера на Македонија Норд.

Има некое брзо патче за пуштање.

Плус вода од казанчето во кое и стојат говната што ги исраа уште пред да летнат за Америка.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

тричковслки колумна трамп популизам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.