Риека: Силно невреме, проследено со силен ветер и со обилни врнежи, денеска го погоди крајбрежјето на Хрватска, а најкритично е во Далмација, каде што комбинацијата од низок воздушен притисок и од силни ветришта предизвикува изразена циклонална плима.
Жител на Каштела јавил дека на некои жители морето дури им влегло во куќите, а морето се излеало и ги претворило шеталиштата во плитки базени.
На северот на земјата веќе се видливи последиците од промената: во Истра има пороен дожд и грмежи, а на места наврнале околу 20 литри на квадратен метар. Во исто време, по целиот Јадран дува засилен ветар.
Снимки покажуваат како морето се излева на ривата, но и како е поплавено старото градско јадро.
ајсилниот ветар е забележан во северна Далмација и на северниот Јадран, каде што ударите достигнуваат околу 90 километри на час. Многу силен ветар дува и во Сплит , а на морето веќе се регистрирани нарушувања во сообраќајот.
На жителите на старото градско јадро во Каштела Суќурац им се поплавени домовите по којзнае кој пат во последниов месец, изјавила загрижена граѓанка.
Слична е состојбата и во Тисно, а ништо подобро не е ниту во Цриквеница, каде што и ривата е под вода.
Морето се излеа на ривата и ја поплави. За среќа, ветрот малку ослабна, но и понатаму дува силно и врне дожд, рекол жител на Цриквеница.
Луѓе од Водици јавуваат дека морето влегло во неколку локали.
Времето го парализира и поморскиот сообраќај. Поради неповолните временски услови во прекин се повеќе катамарански, траектни и бродски линии долж Јадранот, соопшти Хрватскиот автоклуб.




