Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сирени за тревога во централен Израел, пресретнати проектили од Либан

0
By Zoran Ivanov on October 14, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сирените денеска се вклучија во централниот дел на Израел поради проектили истрелани од Либан, но израелската војска подоцна објави дека „ги пресретнала сите закани“, пренесуваат медиумите во регионот.

Сирените се огласија во Тел Авив, економскиот центар на земјата, соопшти полицијата, додавајќи дека е во тек истрага за да се утврди што било погодено од остатоците од ракетата.

Овој ракетен бараж беше истрелан на денот на нападот со беспилотно летало на Хезболах во кој загинаа четворица израелски војници во близина на Хаифа на северот на земјата. Тоа беше најсмртоносниот напад врз Израел од почетокот на израелската копнена офанзива во јужен Либан на крајот на септември, пишуваат медиумите.

Израелската противвоздушна одбрана, особено системот Железна купола, успешно ги пресретна повеќето проектили истрелани од Либан и има малку жртви од удар или паѓање на остатоци, стои во написите.

Фронтот што Хезболах го отвори против Израел во октомври 2023 година за да го поддржи палестинскиот Хамас се претвори во отворена војна на 23 септември со почетокот на интензивното израелско бомбардирање на упориштата на Хезболах во Либан, кога беше убиен лидерот на движењето Хасан Насрала, а израелската армија потоа започна копнена офанзива против Хезболах во јужен Либан на 30 септември.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.