Професорот Никос Чаусидис како интернет издание, пред една недела“ ја објави книгата „Проектот Скопје 2014, скици за едно наредно истражување“. Како археолог се занимавам со мистерии, а Скопје 2014 е најголемата мистерија, вели тој, во интервју за Нова.
Според него македонската археологија влегла длабоко во политиката. „Секогаш кога археологијата ќе биде премногу злоупотребена од политиката, настануваат катастрофи, најдобар пример за тоа е фашизмот“, вели Чаусидис.
Скопје 2014, тој го набљудува од различни научни аспекти, па и од психоаналитички аспект и вели дека големината на скулптурите е компензација за комплексите, со посебен осврт на несреќниот Прометеј и неговите пелени.