Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје – Пекинг виа Будимпешта

0
By Zoran Ivanov on July 29, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Драган Мишев

Доколку некој се посомнева во анализата на ЦИВИЛ Медиа дека потеклото на едната милијарда евра, со која беше најавено дека ќе се задолжи нашата земја од друга држава, ќе бидат кинески пари, особено откако премиерот Мицкоски, обзнани дека заемот, но не во висина од најавената милијарда евра, туку двојно помал, го договорил со нему блискиот премиер на Унгарија, набргу на виделина излезе информацијата што ќе ја потврди анализата на ЦИВИЛ Медиа, а која Орбан долго ја криеше и од самите Унгарци, а таа е дека Унгарија земала заем од Кина во висина од токму (звук на фанфари) милијарда евра.

Значи, дилот на двајцава премиери да ти бил, онака, народски кажано – „пола пије, пола Шарцу даје“

Да се потсетиме што всушност објави ЦИВИЛ Медиа во анализата „Копирајќи го Вучиќ, дали Мицкоски ја врти Македонија кон Кина“.

Тогашниот мандатар, а сегашен премиер на Северна Македонија, при гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, најави дека, веднаш по формирањето на новата влада, државата ќе се задолжи една милијарда евра, заем од друга држава, и тоа не од меѓународни финансиски институции, туку на ниво на соработка влада со влада.

Новинарот не (се осмели да) го праша ниту за која влада се работи, ниту кога и од која позиција го договарал задолжувањето, што јасно ја покажува идната сервилна поставеност на оваа телевизија, кон работата на идната Влада, пример кој е за очекување дека ќе го следат и другите телевизии со национална концесија, веќе видено во некои не толку далечни времиња, за кои се надевавме дека ги оставивме зад нас.

Сепак, може да се насети дека, најверојатно се работи за кинески кредити. Според познавачите, во моментов Кина е можеби единствената земја која може да си дозволи издвојување на толкава сума пари за директно кредитирање во странство.

Мицкоски нагласи дека станува збор за кредит од друга држава под многу поволни околности.

„Можам да најавам еден финансиски пакет, соработка влада со влада, во вредност од една милијарда евра со исклучително поволни услови, со добар грејс период, со исклучително атрактивна каматна стапка“, рече Мицкоски, потврдувајќи дека станува збор за кредит од друга држава, но не откри други детали.

Ова претставува опасност од воспоставување на финансиско ропство на државата. Имено, на ваков начин Кина ги колонизира сиромашните африкански земји, а во една таква финансиско-должничка спирала се фати и една соседна држава, чиј претседател се чини дека претставува рол-модел за владеење на идниот македонски премиер, по што може уште отсега да се насети во кој правец ќе се движи државата под водство на премиерот во најава.

Од друга страна, искуството од минатото со кинеските кредити (инвестиции) во земјава не побудува позитивни емоции, земајќи го предвид активностите на предходната владејачка гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ во таа насока, подложно на коруптивни дејствија по принципот „5 посто од жутите, да не се претерме“, како и подготвеноста на Кина за давање мито секогаш кога треба да ги спроведе своите интереси во деловите од светот опфатени во нејзината сфера на влијание.

Со една милијарда заем, тој не потсетува на уште една епизода од периодот на владеење на претходната владејачка номенклатура на ВМРО – ДПМНЕ, кога во соработка со тогашниот коелиционен партнер „Демократска алтернатива“, во Македонија ќе „лебдат“ (според изјавата на Ѕинго постариот) една милијарда евра тајвански пари, нешто што ќе ги поттикне несреќните настани кои ќе следат во Македонија, откако Кина поради ова ќе стави вето на мисијата на ОН во земјава, по што следеше воениот конфликт 2001 година.

Дополнително, ваквата најава, која доаѓа веднаш по убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните и претседателските избори, е во спротивност токму на еден од клучните аргументи на ВМРО-ДПМНЕ на жестоките напади врз владата за спроведување на лошите економски политики и презадолжувањето на државата.

И како (или зошто) Мицкоски ги заборава одобрените 6 милијарди евра помош од Советот на ЕУ за државите од Западен Балкан за поддршка на нивниот пат кон членство во ЕУ, од кои на Северна Македонија и се одобрени вкупно 850 милиони евра, а Европската комисија веќе обезбеди позајмици во износ од 50 милиони евра, како дел од првата транша од тековната операција за макрофинансиска помош за земјата, односно за авансот во висина од 7 проценти од алокацијата на средствата одобрени за нашата држава. Помош која, ни крив ни должен, ќе му слета во „чекмеџето“ токму во период кога тој (најверојатно) ќе биде на чело на Владата. Но, има едно но! За да ја добие треба да ги спроведе реформските процеси во земјата кои ги започна предходната влада.

За тоа какви се досега придобивките на Србија од соработката со Кина, може да се прочита во објавата на ЦИВИЛ Медиа – додека кинеските инвестиции го преплавија истокот на Србија, но и покажаа дека Пекинг не се грижи за правата на работниците и заштитата на животната средина, Србија го зголеми должничкото „ропство“ од 300 милиони на 3,7 милијарди евра. Во исто време, профитираат само кинеските компании, додека цената на „челичното пријателство“ на двата народа ќе ја плати само еден – оној што пие вода од Сава и Дунав, а не од реката Јангце.

А сега следува временска прогноза: Црни облаци се надвиснаа над Македонија. Невремето кое ја зафати земјата ноќта на 8 мај, со себе носи нестабилност, поројни дождови и грмотевици, силен ветер и појава на град. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

ВЕСТИ September 28, 2025

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот…

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.