Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Славење на мирот во „ничија земја“!

0
By Zoran Ivanov on August 13, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

23-годишнината од Охридскиот договор беше одбележана во „ничија земја“, за чија власт се води преку политичка битка. Честитки!

 Проблемот е уште подлабок. И по три децении независност, РСМ сè уште нема дефинирано што е државата, кому треба да му служи и во чија сопственост треба да биде.

 Џелал Незири

Денес, кога се слави 23-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, не беше отворена темата за која мислам дека е клучот за трансформацијата на Северна Македонија во модерна функционална држава. Власта и опозицијата посебно го прославија овој документ кој донесе мир во 2001 година, оставајќи впечаток дека се работи за два сосема различни договори. Панел-дискусии имаше и во двата табора, но повторно не ја отворија темата која е извор на сите проблеми во државата.

Таа тема има врска со прашањето кој е сопственик на државата или кој ја поседува. Следствено, оваа тема ја имплицира и љубовта кон „имотот“ и подготвеноста на човекот да се жртвува за него. Честопати пишував за нацијата како поим, кој според Џанфранко Поџи е „секуларна религија“ која ги држи граѓаните обединети, вљубени во државата и подготвени да се жртвуваат за неа. Во овој случај, сакам да го задржам фокусот на „сопственоста“ врз државата и љубовта кон неа.

Љубовта кон државата се нарекува патриотизам. Имаме ли ние патриоти? Декларативно – во мнозинство. Реално – многу малку или воопшто.

Проблемот е уште подлабок. И по три децении независност, РСМ сè уште нема дефинирано што е државата, кому треба да му служи и во чија сопственост треба да биде. Племенскиот пристап кон државата, или обидот за етничко и политичко присвојување, се чини се претвори во трка која не завршува со објавување на изборните резултати, туку претставува постојана непродуктивна кампања.

Тие се главно популистички наративи, создадени со „продажба“ на лажна надеж, со неосновани ветувања и засилени со сеење чувство на страв и омраза кон „другиот“. Тие се наративи кои ги мобилизираат милитантите на политичките партии, но не отвораат суштински и значајни дебати кои го поттикнуваат обичниот граѓанин да се вклучи во демократските процеси.

Има фрустрација кај двата најголеми етникуми: на етничките Македонци им се вбризгува страв дека „Албанците им ја земаат државата“, додека етничките Албанци стравуваат дека „не се рамноправни во својата земја“.

Всушност, тука лежи главниот проблем: перцепцијата на државата како сопственост на една или друга етничка група, а не како апарат што треба да им служи на сите граѓани (државјани кои плаќаат даноци за да добијат услуги), без разлика на нивната етничка, верска, географска, полова и други идентитети.

Етничкиот натпревар околу сопственоста врз државата во суштина ја венее идејата за постоење на државата. Оваа трка, очигледно, максимално ја искористуваат политичките партии, кои празнењето на државните каси (полнети со пари на граѓаните) го покриваат со големи знамиња на етнички каузи. Поттикнувањето страв и омраза кон „другиот“ често значи меѓуетничка омраза, страв од оној кој е културно различен.

Етнонационализмот, колку и да е штетен за земјите со мултиетнички општества, сепак се користи во речиси сите изборни процеси. Тоа е форма која собира лесни гласови, гласови за кои не ви треба платформа или проекти за да ги соберете, туку само страв и омраза. И овој корпус на гласови не е мал во Северна Македонија.

Речиси сите политички партии го користат етнонационализмот за да се промовираат како чувари на својот народ од опасностите што доаѓаат од другите народи. Откако ќе се создадат овие две крајности, тие потоа се хранат еден со друг. Етнонационалистичка изјава дадена од еден табор индиректно му помага на политичкиот табор од другата крајност.

Без разлика на високото ниво на патриотизам прикажан во кампањите, државата продолжува да тапка на место. Здравството и образованието зафатени од екстремна партизација, инфраструктурата смачкана од повеќемилионските злоупотреби, катастрофален животен стандард (за обичниот граѓанин), немање правилни даночни политики, застој на европската интеграција… се само дел од фаталните неуспеси. Македонците, Албанците и другите етнички групи сносат колективна вина, сразмерно со нивниот процент. Во случајот на политичките партии, вината е сразмерна со изминатите години на власт.

Парадоксот овде е што постои етничка трка за тоа кој е сопственик на државата, додека резултатите говорат за негрижа за толку посакуваниот „имот“. Постои лажна љубов кон државата, лицемерие кое стана прифатлива општествена норма. Партиите ја сакаат државата додека се на власт, но сакаат да ја уништат кога се во опозиција. Тоа значи дека тие сакаат власт, а не држава. Граѓаните ја сакаат државната работа, но не се грижат да ја заштитат од коруптивниот залет на нивните партии.

Северна Македонија, всушност, е ничија земја. Очигледно секој има резервна држава од каде може да си го земе пасошот, таа членска книшка на некоја друга нација. Овде се чини дека сите се заинтересирани за власта, за нејзините бескрајни придобивки, за чудесните тендери кои преобразија толку многу политичари од социјални случаеви во елитни бизнисмени.

23-годишнината од Охридскиот договор беше одбележана во „ничија земја“, за чија власт се води преку политичка битка. Честитки! Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.