НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Смрт во моето семејство!

0
By НОВА ТВ on May 11, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Аделина Марку

Станувам се повеќе свесна дека ќе мора да ја оплодам книгата со која забременив пред десет или повеќе години! Бааах, предолг период, а богами и уште толку може да чека! Ова би била добрата вест. Би ги ослободила од моите мисли! Лошата страна од приказната е дека насловот на колумната  го призасакав за наслов на мојата книга , но кога избувна норвежанецов Knausgaard со истиот наслов во неговиот bestseller, по сѐ, реков-  ќе мора да трагам по нов наслов! Во мојата приказна ќе има многу од Татко ми и многу од Брат ми! Детството мое со Братот, нивниот животен стремеж, јас во нив, тие во мене, системот и Татко ми, системот и Брат ми…љубовта нивна безпрекорна и копнежот на Светот за Луѓе како Нив!

Моите страствени  соговорници, Татко ми и Брат ми, честопати беа и истомисленици!

  • Ужасот на општеството го зголемува чувството за перцепција кај интелектуалецот – ќе велеше Тато- изненадувачки е леснотијата на човекот постојано да создава визија за минатото, додека кога сме ставени на тест да направиме визија за иднината, повторно трагаме по фенотипот од минатото! Неспособњаци ли?! – гласно ечеше Тато!

А Брат ми инсистираше дека една нова доктрина на владеењето би било пожелно за ова наше општество! Каква ли доктрина ќе беше таа? На што ли ќе личеше! Господе Боже , како ли ќе функционираше со нас истите – Непроменливите?! – размислувам денес јас!

Кога се случи смртта на Тато, Братот ми рече дека сега е време за книгата. ‘’Целата си Тага, внеси си ја во живот! ‘’ Јас, како хроничен монологџија и страствена себевуајерка , недоволно верував дека ќе ја стигнам големината на Тато, а плус – не успевав да ги редам настаните! Хаос во мојата глава и душа!  Plot- oт го имав секако, сакав да пишувам за судбината на еден Судија со Шешир кој живееше во многу специфичен град – провинција, (‘’Ako zhelish znati shta je Pakao, idi u provincii!’’- стално го цитираше Крлежа!),  кој веруваше во Силата на Жената (‘’Tolstoy се разведе од Sofia на многу стари години…’’ – честопати биваше со овој сказ кога за бракот ечеше дефиниции), кој веруваше во доктрината на  Живиот Устав кој Расте и се Менува и Вдобива Карактер Стабилен (‘’I tako vikashe seljaci, skidoshe Matiju, I izljubeshe ga u dupe…’’- повторно го цитираше Крлежа кога Бранителите на Лошиот Устав се себепрокламираа како Либералци!) и кој ја знаеше до бол Менливоста на Човечката Природа затоа и хипокризијата на општеството во која тој креираше и делуваше! Но, кога Тато зборуваше и пишуваше за  Аркетипот на Живиот Устав, на Државата не му се допаѓаше неговиот дискурс на размислување!

После многу години од смртта на Тато, јас дознав дека Судиите , слични на Тато, Државата ги следела! ‘’What the Fuck!’’ – си велам јас од оваа далечна дистанца! – Затоа ли толку долго се мачиме со первертноста на нашиот Судски Систем!?

(Често се прашувам дали Тато знаеше дека Државата му се имаше качено в’врат? Или тој свесно ја презираше, токму заради шпијунството врз Него! Мислам дека е ова второто!)

После многу години од смртта на Братот, се трудам да ги достигам неговите височини прелеејќи Го во Книга! Скоронедостижна Цел е писмото за братот што почина! Се сеќавам на неговото размислување за потребата за Нова Доктрина на Владеењето.  Памтам, ја читаше книгата на Salman Rushdie и неговата верзија на Принцот на Макијавели. Пошто и двајцата бевме вработени во државната администрација, честопати зборевме за Како не Треба! Администрацијата е чуден организам, особено во нашите земји во транзиција каде што нема простор за идеали – (се согласувавме заедно) –  Што може администрацијата да понуди како Додадена Вредност на општеството во услови каде преовладува недостатокот на Систем на Вредности, каде сè е во функција на индивидуално преживување и кога корупцијата е секојдневна појава? – (ох , овие реторички прашања сноесеа класика човеку мил ) –  Тешко е да се очекува администрацијата да додаде вистински вредности во општеството кога нема простор за колективно чувство за управување! Оваа, чувството за управување , треба да нè доведе до напредок. Нереално е очекувањето дека администрацијата ќе го води општеството кон просперитет кога не се создава социјална атмосфера дека е потребна општа посветеност – (‘’и ова не е комунистичко клише!’’ќе потенцираше Брaтот!)- за да се достигнат нови нивоа на развој. Нашите земји се осудени да бидат ништо повеќе од исцрпените парчиња флора што се вртат околу Реката на Развојот. Во духот на Принцот на Макијавели на Salman Rushdie брат ми ќе заклучеше дека сепак, сè додека не се создаде Супстанцијата/Телото што ќе нè освести дека треба да Пливаме Сами, а не само да бидеме случајни нечистотии на речниот пат, ние ќе продолжиме да лажеме дека ја реформираме јавната администрација! Која ќе биде оваа Супстанца е прашање само по себе: дали ќе биде тоа Бизнисот што бара ултимативна социјална стабилност? Дали ќе биде оваа Културата и Уметноста на кои им е потребен Ред за да Создадат? Дали тоа ќе биде интелектуалноста во нас што ќе ја катализира Свеста?  или Дали остануваме заложници на времето како што сме биле со векови?’’- Овој беше отворениот дискурс на неговите дилеми кои ми ги префрли на мене Братот!

Како да се сносам со нив кога соговорниците ги нема?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.