Собранието денеска ќе ја одржи 18- та седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања, први на новиот парламентарен состав по конституирањето во мај годинава.
Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата. Вообичаено, седниците за пратенички прашања се одржуваат последниот четврток во месецот.