Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот
Според новиот Деловник, седница за пратенички прашања месецов имаше и на 21 ноември и траеше два часа.
Од Собранието тогаш информираа дека одржувањето на оваа седница со пратенички прашања е согласно член 42 од Деловникот усвоен во 2023 година, што почнува да се применува од овој мандат.
Согласно Член 42 сатав 1, пратенички прашања од пратениците од пратеничките групи во опозиција и од пратениците во опозиција кои не се организирани во пратеничка група се поставуваат еднаш месечно.
Доколку во текот на месецот не се свикани седници, претседателот на Собранието задолжително свикува една седница заради поставување на пратенички прашања.
Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.