Утревечер, 17-ти февруари, во Софија, петте афирмирани ансамбли од регионов под диригентската палка на маестро Најден Тодоров од Бугарија, ќе го изведат најпознатото дело на германскиот композитор Карл Орф, ,,Кармина Бурана”.Софиската филхармонија, Македонската филхармонија и Државниот симфониски оркестар на Солун како и бугарските Национален филхармониски хор и Детскиот филхармониски хор, или околу 250 музички уметници, во Национален дворец на културата во Софија, заедно ќе прозвучат со величественото музичко-сценско дело и ќе ја пренесат пораката дека уметноста нема ниту граници, ниту идеологии ниту поредоци.
Трите престижни оркестри утревечер во Софија ќе ги слават уметноста и љубовта преку три различни, а сепак идентучни култури кои зборуваат и се разбираат на единствениот, на јазикот на културата и уметноста.
Фото НОВА – од генералната проба на ансамблите