Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Софија: Целосни лаги и манипулации се тврдењата на Мицкоски и Николоски за Коридорот 8

0
By Zoran Ivanov on August 8, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарија ја финансира подготовката на модернизацијата на железничката линија Софија – Перник – Радомир – Ѓуешево – граница со Република Северна Македонија. Приоритетно се изработуваат идејни решенија за делницата од станицата Ѓуешево до влезот во тунелот ‘Деве Баир’. Се планира на крајот на годината да се подготви технички проект по обем и содржина, согласно техничките барања на договорниот орган.

Лепа Џундева

Македонската влада жали што од бугарска страна се политизира прашањето за Коридорот 8 и се употребуваат зборови кои не градат добрососедство.

Ова е ставот на владата за ТВ 24, откако од Бугарија пристигнаа обвинувања дека Мицкоски манипулира и дека официјална Софија има план со обезбедени над 2 милијарди лева за изградба на Коридорот 8.

Мицкоски и Владата ниту еднаш не посочиле дека се откажуваат од Коридорот 8 и од потребата за железнично поврзување, туку дека во моментов државата не е во можност да потроши над половина милијарда евра граѓански пари, за проект, којшто ќе завршува во слепа улица, а во скоро време нема да има економски бенефит за граѓаните. – велат од Владата на Република Северна Македонија.

Бугарски БГНЕС, објави дека Националното претпријатие за железничка инфраструктура од Бугарија, контра макеоднската влада, испратило целосен извештај со финансиски информации за изградба на целата инфраструктура долж Коридорот 8 до македонската граница. Тврдат и дека се работи не само на делот што ја поврзува Софија со границата, туку и на оној што го поврзува главниот град со Бургас.

Бугарија ја финансира подготовката на модернизацијата на железничката линија Софија – Перник – Радомир – Ѓуешево – граница со Република Северна Македонија. Приоритетно се изработуваат идејни решенија за делницата од станицата Ѓуешево до влезот во тунелот ‘Деве Баир’. Се планира на крајот на годината да се подготви технички проект по обем и содржина, согласно техничките барања на договорниот орган. Инвестициите потребни за реализација на развојот на проектот за делницата Софија-Перник-Радомир до Ѓуешево (влезот во тунелот ‘Деве Баир’) се со индикативна вредност од 2,250 милијарди лева (1,2 милијарди евра). – велат од Националното претпријатие за железничка инфраструктура на Република Бугарија

Премиерот Мицкоски пред една недела, порача дека Бугарија нема покажано јасен проект и дека е неодговорно да се влезе во авантура во која не се знае дали ќе има крај и кога ќе биде крајот.

Тоа ќе подразбира минимум 500 милиони евра, пари како кредит или од буџетот, практично граѓаните и 200 милиони пари на европските даночни обврзници за 24 километри, 22 тунели, кои што ќе завршат на пола тунел во слепа улица, без да знаеме што ќе се случува од бугарска страна. Бидејки таму нема јасен проект дали тунелот ќе продолжи. Велиме, дајте да го видиме проектот од бугарска страна. Нема. – изјави Мицкоски.

Инаку министерката за финансии Кочоска,пак, која првично сметаше дека пренамена на средствата одобрени за пругата кон Бугарија се невозможна мисија, пред два дена го приближи својот став како премиерот Мицкоски изјави дека пругата кон Солун и за Србија е попотребна и дека не е важно дали ЕУ ќе ги пренамени парите од пругата кон Бугарија или ќе овозможи нови средства.

Пругата кон Бугарија е дел од  мапата – транспортни коридори на ЕУ и е дел од таканаречениот НАТО Коридор. Се финансира со европски пари кои може да се изгубат доколку не се користат за железничкиот коридор 8. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.