Приштина: Припадниците на косовската полиција од северниот регион, со помош на специјалната полиција и други косовски безбедносни структури, влегле во преостанатите објекти на Република Србија на север, од Косово пренесува „КоССев“.
Како што потврди заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани, полицијата влегла во привремената управа во северна Косовска Митровица, во зградата на округот Митровица каде е сместена Канцеларијата за Косово, и уште во три објекти во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.
Акцијата следува по посетата на високи безбедносни функционери и дипломати во регионот и Приштина, како шефот на ЦИА пред неколку недели и тројца високи функционери на НАТО.
Сите тие испратија порака дека Приштина не треба да прави еднострани потези, односно дека своите акции треба да ги координира во однос на Северот со своите сојузници.