Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ и потсекретарот на САД за економски раст, енергија и животна средина, Хозе Фернандез, денеска во Вашингтон го потпишаа Договорот за стратешка соработка во енергетскиот сектор меѓу Република Србија и САД, јави дописникот на.
-Со склучувањето на Договорот за стратешка соработка во областа на енергетиката, Србија направи важен и одговорен чекор кон подобрување на партнерството со САД и значаен чекор кон обезбедување на долгорочна енергетска безбедност. Нашата земја во следните две децении четири пати ќе ја зголеми потрошувачката на електрична енергија, и ни треба партнерство со индустриите, со компаниите, со земјите кои успешно го зголемија својот производствен капацитет во претходните децении, рече министерот Ѓуриќ по потпишувањето на договорот, соопштија од српското МНР.
Шефот на српската дипломатија објасни дека овој документ ќе ја олесни зелената транзиција во Србија, подобар пристап до чиста енергија, што е во согласност со европските аспирации на нашата земја.