Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба со првата Белгијка која прими семејство бегалци од Сирија

0
By Светлана Јовановска on October 5, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По два месеци напорно патување од Сирија до Белгија, семејството Мезраб најде привремен дом кај Марсел Беник, 73 годишна бриселска пензионерка.

– Живеам сама и имам соба од 15 квадрати во која има мебел но во неа никој не живее. Со оглед на бегалската криза низ која минуваме, си реков дека таа соба може да им се понуди на бегалците. Ете така, сега тие живеат долу а јас на спрат, вели Марсел за белгискиот дневник Ла Либре Белжик кој на овој гест му посветува репортажа.


Марсел е првата Белгијка која се запишала на списокот на граѓани кои се понудиле кај себе да земат бегалци. Организаторите на оваа акција, невладините организации, организирале средба помеѓу неаи петчленото семејство со присуство на преведувач.

– Веднаш им реков дека можат да дојдат кај мене кога сакаат а особено поради тоа што условите во центрите за бегалци не се многу пријатни, вели бриселската пензионерка.


Латифа и Абдеразак стасале во Белгија со трите деца Фара, Ахмед и Хала кои имаат од 6 до 10 години.

– Имавме комфорен живот во Сирија се додека не почна војната. Живеевме во Алеп но војната започна и немавме друг избор, моравме да заминеме. Куќата и колата беа уништени и не ни остана ништо. Мажот ми мораше да замине од своето работно место и сеге еве се најдовме кај Марсел. Воодушевени сме од Белгијците и топлиот пречек што го направија за бегалците, раскажува Латифа на англиски.


Додека децата играат, таа на новинарот од Ла Либре Белжик го раскажува патувањето до Белгија:

– Минавме низ девет земји во често нечовечки услови. Двомесечното патување не чинеше 9.000 евра. Минавме низ многу перипетии и низ многу средства за транспорт – автобуси, коли, пешки и брод, вели Латифа.


Белгиските граѓани и дадоа пример на Европа во приемот на бегалците. Додека власта се колебаше и не знаеше што да превземе и додека илјадници луѓе пристигнуваа во Белгија, граѓаните одлучија сами да тргнат во акција. На оваа граѓанска акција веднаш им се придружија невладини организации кои со фантастична брзина успеаа да го организираат пречекот на бегалците и им дадоа основи услови за пристоен живот.


Два месеци граѓаните на Брисел се грижеа за бегалците

Во текот на август во Белгија пристигнаа 4.500 бегалци. Тие беа упатувани во Бирото за странци а карши оваа зграда се наоѓа паркот Максимилијен. Оставени на улица, бегалците во првите денови спиеја под отворено небо и се снаоѓаа за храна. Но, жителите на Брисел во само неколку дена, преку социјалните мрежи, организираа достоен пречек. Донациите стасуваа од сите страни: шатори, вреќи за спиење, облека, храна, средства за хигиена, играчки и книги за децата…. Набрзо во паркот имаше кујна, училиште и градинка за најмалите, часови во француски, англиски и холандски, лекари, психолози. Се со желба да им се помогне на луѓето исцрпени од војна и долго патување.

Овој граѓански ентузијазам ги примора и властите побрзо да тргнат во акција. По два месеци – август и септември – кампот се крена а бегалците сега се упатуваат во згради кои ги менаџира државата. Во нив се сместуваат бегалците кои поднеле барање за азил и чекаат одговор. Но, невладините организации упатија апел до сите граѓани кои можат да примат бегалци на кус или подолг рок. На овој апел одговори, помеѓу другите, и Марсел.

Помеѓу неа и сиријската фамилија се создаде цврсто пријателство.

– Нашиот соживот се одвива прекрасно. Првите денови јас готвев но една вечер Латифа ми понуди помош и ни зготви многу вкусно сиријско јадење, раскажува Марсел за Ла Либр Белжик и упатува повик до нејзините сограѓани да примат бегалци доколку за тоа имаат услови.


– Тие луѓе се како нас. Имале куќа, кола, занает. Јас лично се сеќавам на војната иако бев дете. Денес во Белгија ние сме родени на добро место и во добро време. Тоа никогаш не смееме да го заборавие, заклучува Марсел и искрено се надева дека Латифа и Абдеразак ќе успеат лесно и успешно да најдат место во белгиското општество.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
ФОКУС

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени…

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025
ТИКЕР

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.