НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сто дена на Европската комисија – по бизнисот, а без јасна политичка линија 

0
By Zoran Ivanov on March 9, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За многу граѓани во ЕУ е прилично нејасно како всушност е поставена и како функционира Унијата, па затоа би било добро процесот на носењето политики од страна на ЕУ да биде потранспарентен и за него да не се дискутира само во рамките на институциите, помеѓу одредени групи, официјални претставници или одредени земји членки, туку да има отворени дискусии за она што сака да се постигне. 

Сашко Панајтов

Европската комисија на Урсула фон дер Лајен во првите сто дена од својот мандат, што се навршуваат утре, се насочи на два главни приоритети – конкурентноста и одбраната, со што остави впечаток дека повеќе е наклонета кон бизнис секторот, но и дека се уште не постави јасна линија на нејзината политика, сметаат аналитичари од Брисел.

Според политичкиот аналитичар на бриселскиот Центар за европска политика (ЕПЦ), Ерик Морис, имајќи го предвид растечки јаз на конкурентноста меѓу Европа, од една, и Кина и САД, од друга страна, очигледно е дека постои чувство на итност за справување со овој предизвик, па затоа и не треба да изненади што првиот значаен предлог на новата Европска комисија беше Компасот за конкурентност.

– Значи, тоа е главниот приоритет. Вториот приоритет, се разбира, се одбраната и безбедноста, поради ситуацијата во Украина и од неодамна и поради агресивноста на Администрацијата на Доналд Трамп кон Европа, што ја доведува во прашање безбедносната архитектура на европскиот континент, вели Морис за Европската новинска редакција (ЕНР), чија членка е и МИА.

Главниот извршен директор на Центарот за европски политички студии (ЦЕПС), Карел Лано, пак, смета дека се уште е многу рано да се каже каква ќе биде политиката на новата Европска комисија, иако според нејзините први потези таа остава впечаток дека е повеќе наклонета кон бизнисот, отколку кон екологијата, на пример.

– Мислам дека генерално има напор оваа Комисија да се фокусира на најважната тема – конкурентноста, а конкурентноста значи да се осигураме дека нашите претпријатија се поконкурентни на глобалната сцена. Значи, секако има обид да се обидеме да станеме попријателски кон бизнисот и се разбира некои први предлози се дадени во оваа насока, но дали тоа ќе биде случај и натаму, сега е премногу рано да се каже, изјави Лано за ЕНР.

Тој додава дека всушност, прашањето на конкурентноста сега се поставува во суштината на трговските односи со САД, чија економија, според статистичките показатели, е многу поконкурентна од европската.

Сепак, според Лано, и покрај големата конкурентност, САД имаат огромен трговски дефицит, и токму тој проблем американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да го реши со воведувањето царини за увозот од странство.

– Но, (САД) имаат и огромен буџетски дефицит и огромен јавен долг, кои се многу поголеми отколку во ЕУ. И сега се вели дека сме неконкурентни. Затоа ве молам, пред да зборувате за конкурентноста, обидете се да имате добра дефиниција за тоа што е тоа и што сакате да го постигнете и обидете се да го направите тоа на многу отворен начин, потенцира Лано.

Зелен договор оди на „стенд бај“ 

Кога станува збор за Европскиот зелен договор, Морис вели дека уште од мандатот на претходната Комисија беше јасно дека тој останува да го спроведува новата ЕК, соочувајќи се со сите проблеми што постојат во индустрискиот сектор на ЕУ.

– Она што на некој начин изненадува, е колку оваа Комисијата ретерира во однос на она што беше усвоено во претходниот мандат. Зелениот договор се уште постои, тој се уште е стратегија, се уште е обврзувачка законска цел, но ритамот и темпото на имплементација се менуваат, смета Морис, додавајќи дека имплементацијата на Зелениот договор и натаму останува во игра, но дека тоа веројатно ќе се прави со поголема флексибилност и со побавно темпо од очекуваното.

Според Лано, пак, со своите првични постапки, Европската комисија остава впечаток дека Зелениот договор повеќе „не е на масата“.

Тоа особено „паѓа во очи“, ако се земат предвид Компасот за конкурентност и стратегиите за автомобилската и челичната индустрија, со кои се отстапува од некои од поставените еколошки цели за намалување на емисиите на штетни гасови, климатската неутралност и создавањето чист индустриски сектор.

Нетранспарентност на ЕУ 

Лано смета и дека ЕУ како организација треба да стане поодговорна, потранспарентна и поотворена во однос на тоа како се поставуваат политиките, но засега не се гледаат никакви промени во работата и по стапувањето на должност на новите институции на Унијата.

– Но, тоа еден од големите проблеми на ЕУ од перспектива на земјите членки и од перспектива на граѓаните, што целиот процес на креирање политики е многу нетранспарентен. Тоа веројатно е дел од природата на тоа како се структурирани овие институции. Имаме голема Комисија во центарот, која во основа предлага легислатива, а потоа Парламентот и Советот, односно земјите членки, заеднички го усвојуваат она што го предлага Комисијата, додава Лено.

Тој посочува дека за многу граѓани во ЕУ е прилично нејасно како всушност е поставена и како функционира Унијата, па затоа би било добро процесот на носењето политики од страна на ЕУ да биде потранспарентен и за него да не се дискутира само во рамките на институциите, помеѓу одредени групи, официјални претставници или одредени земји членки, туку да има отворени дискусии за она што сака да се постигне.

Лано додава дека во вакви услови се уште не може јасно да се види политичката линија на новата Европска комисија, бидејќи засега не се гледа ништо ново, бидејќи реториката за стратешка автономија, геополитичка комисија или конкурентност постои одамна.

Влијанието на подемот на екстремната десницата 

Во текот на кампањата за ланските избори за членови на Европскиот парламент, една од темите на кои инсистираа партиите на екстремната десница, беше е прашањето за поголема дерегулација на ЕУ.

Како трет свој приоритет, по конкурентноста и одбраната, Европската комисија го најави поедноставувањето на административните процедури и обезбедување помала регулатива.

Морис вели дека мислел оти Комисијата ќе се обиде да ја задржи поддршката на левиот центар и зелените, но со своите постапки таа не го прави тоа, туку „брзо оди во насока кон десницата“.

Тој посочува дека во последниве месеци видовме дека европратениците на Европската народна партија (ЕПП) на Фон дер Лајен, се почесто гласаа идентично со „националистите од Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР) или дури и со некој дел од екстремно десничарските групи“.

– Значи, гледаме дека мнозинството не е фиксно. Тоа е се пофлексибилно, пофлуидно, што го отежнува носењето одлуки во Европарламентот и ја отежнува предвидливоста и на гласовите за Комисијата, вели Морис.

Тоа, според него, и отежнува на Европската комисија, бидејќи кога ќе презентира законски текст, не знае какво мнозинство ќе обезбеди и колку пратениците ќе го поддржат текстот, што ја тера на обемни дискусии со политичките групи во Европскиот парламент.

Според Лано, растот на влијанието на екстремната десница на европско ниво стана видливо уште и при изборот на новата Комисија, кога поддршка за неа дојде и од дел од екстремната десница.

– Екстремната десница, која ја сочинуваат три различни групи, стана толку моќна, што зафаќа околу 26 до 27 отсто од Европскиот парламент, додека во исто време се намали значењето на другите групи, како либералите и Зелените, смета Лано.

Тој смета дека во вакви услови во следните четири до пет години може да гледаме случаи на сојузи меѓу ЕПП и групите од екстремната десница за одредени законски решенија.

– Значи, постои опасност другите три традиционални групи на кои се потпираше претходната Комисија, да бидат запоставени од ЕПП, чисто на прагматична и опортунистичка основа, на сметка на сојузи со трите евроскептични или антиевропски групи. Мислам дека ЕПП ќе мора многу внимателно да внимава што прави, заклучува Лано.

Текстот е сопственост ма МИА.мк

 

без визија еу комисија сто дена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.