Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сто посто – за себе!

0
By Zoran Ivanov on October 8, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сто посто нема да им ги лижеме чевлите на странците, ама мора да викаме „Северна“, сто посто сме посветени на патот кон ЕУ, ама ќе се здружиме со Орбан, да му фрлиме на народот малку кинески пари. Сто посто сме против криминалот и корупцијата, ама нема да апсиме, нејќеме да правиме естрада од апсењата.

Сто дена се навистина малку да се каже колку ќе биде успешна власта. Но, доволно да се заклучи дека и ним не им одговара градење систем, кој не може да го урне кој и да дојде на власт.

Фросина Факова – Серафиновиќ

Се јавувам оваа вечер од мојот кабинет во Владата за да Ви честитам повисоки пензии, кои ќе почнат да се исплаќаат од утре (1 октомври). Премиерот Христијан Мицкоски сними видеопорака специјално да им честита на пензионерите покачување од 2.500 денари.

Ова ретко исполнето ветување, навистина заслужуваше видео. Па, сето ова се поклопи со честитки за 100 дена влада. „100 посто посветени! За тебе!“ Ова „за тебе“ најверојатно треба да се однесува на мене, на тебе, на сите граѓани, но треба да се пречкрта.

Да биде „100 посто за себе!“. Сто посто за оние што се на власт, сто посто да владеат што е можно подолго. Нивните мозочни вијуги се насочени само кон тоа. Како да се задржат подолго на власт, да ја искористат моќта што таа им ја дава и да бидат шерифи над шерифите, да си ги „измерат“ кому му е поголем.

Нам не нѐ спасуваат ниту сто години, не па сто дена. Ако на сите држави им треба време да созреат како демократии, за нас ни времето не работи во наша корист. Наместо да созреваме и да одиме напред, се враќаме назад.

Ако пред некоја година имавме барем нормален градски превоз, сега и магариња може да си земеме да дојаваме до центарот на македонската метропола, преполна со споменици од антиката, кои нѐ потсетуваат дека сѐ почнало од нас.

Сега можеме да отидеме во секој маркет, да ги изгледаме сите попусти и да се пофалиме дека сме купиле најевтино, од изгор скапото.

Вицепремиерот Александар Николоски, кој сега е главен за транспорт и врски, не пропушта шанса да каже колку е прошетан. Па, ни објаснува какви биле железниците во светот.

Јас не сум многу прошетана, ама од тоа што сум видела и слушнала, знам дека и во една Украина за време на војна, јавниот превоз функционира. Знам дека ниту светот почнал од нас, ниту, пак, дека се врти сѐ околу нас.

Светот оди напред, а нашите политичари ни раскажуваат како е таму. А „за мене и за тебе“ оставаат мизерија. Ние сме далеку дури и од „непријателската“ Бугарија, и од Албанија, која, иако не следеше на патот кон Европа, ќе оди понапред од нас.

А, ние ќе останеме во чекалница. Мицкоски ќе плаче колку е Европа неправедна кон нас и како опозицијата виткала кичма и лижела чевли на странските политичари.

Опозицијата, пак, ќе ликува што ете Албанија нѐ претрка поради Мицкоски, премолчувајќи го договорот што токму тие го потпишаа со Бугарија и со согласија на уставни измени, кои не можеа да ги спроведат.

Па, ќе се мерат кој бил поголем патриот, но никогаш нема да изградат заедничка позиција што ќе нѐ турка напред. А, патриоти меѓу нив нема, оти сите се „сто посто за себе“.

Сто посто нема да им ги лижеме чевлите на странците, ама мора да викаме „Северна“, сто посто сме посветени на патот кон ЕУ, ама ќе се здружиме со Орбан, да му фрлиме на народот малку кинески пари.

Сто посто сме против криминалот и корупцијата, ама нема да апсиме, нејќеме да правиме естрада од апсењата. Па, никој не ни сака да гледа ситни риби со лисици на рацете како оправдување дека власта нешто испорачала.

Граѓаните, а особено оние што гласале за оваа власт, сакаат да видат одговорност за тие што ги краделе со години, а премиерот уште во кампања ги прати во затвор.

Ама на власт е подруго. Мора да седне со ДУИ да се гласаат закони, мора да се обезбедат докази за да се уапси некој. Премиерот не сака некој да го прогласи за виновен без докази.

Секако дека треба да се апси со докази, па не сакаме само медиумска драма да се прави за по некоја година сите да излезат од затвор, како што беше во време на СДСМ. Очекувањата на граѓаните се многу прости.

Оние што краделе да одговараат, а парите на граѓаните да се вратат во буџетот. Никој не сака пак расипан бројчаник. Ниту неписмени пацови по институциите, кои се заштитени од секоја власт.

Ниту, пак, заменик на заменикот директор за да му се учини на Максим Димитриевски. Ниту, пак, заштитен телохранител на премиерот, кој може да стане и командир на „тигрите“.

А најмалку од сѐ, наметнување на меѓуетнички теми, балансери, апсење за обновување на некоја црква и наметнување тези дека ДУИ се подготвува да ја дестабилизира земјава.

Сто дена се навистина малку да се каже колку ќе биде успешна власта. Но, доволно да се заклучи дека и ним не им одговара градење систем, кој не може да го урне кој и да дојде на власт.

Очигледно не им треба ни Европа, ниту парите што може да ни ги понуди, ниту, пак, европските „искривени“ вредности. И навистина Европа е далеку од совршена и праведна, но ова мало парче земја е на тој континент.

Ние може да се чукаме во гради колку природни убавини имала нашата татковина, но ако бидеме реални имаме само три загадени природни езера и уништени и изгорени планини, патишта, не со дупки, туку со кратери, расипани возови и ѓубриште.

Имаме само богаташи со нечесни пари, кои ни го диктираат бизнисот и политиката. Тие се вмрежени во сите политички структури што доаѓаат на власт.

А обичниот работник, кој зависи од бизнис „елитите“ кои не функционираат пазарно, туку од позиција на моќ и договор со политичките партии, не само што треба да излезе на крај со високите цени и платите што не растат исто како и цените, треба да работи и за тоа што не е платен.

Оти работниците си заминаа, да ја видат Европа. Не да уживаат и да шетаат, туку да добијат достоинствен живот макар и како граѓани од втор ред. Да не стравуваат од моќните квазиинтелектуалци, да не се борат со искривените вредности, туку да работат и да го добијат она што го заслужуваат, без некој да се изживува со нив. И откако ќе се обезвредни и она што е вредно, кој е во позиција да уценува?

Текстот е сопственост на Фокус.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.