Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Страв во училилиштата во Србија – компјутерите преплавени со меилови со закани

0
By Zoran Ivanov on October 2, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Бомба ќе експлодира“, „луѓето се стаорци“, „премногу ме малтретиравте сите, станав неосетлив“, се наведува меѓу другото во мејловите што утрово стигнале на дури 807 основни и средни училишта ширум Србија, а во кои се заканува со поставена бомба во училиштето.

Слични мејлови стигнале и во градинки. Иако полицијата веднаш утврдила дека дојавите се лажни, вознемирувачката закана предизвикала евакуации и прекин на наставата. Сите мејлови биле напишани на српски јазик, но на некои места се забележува слаб АИ превод.

„Во училиштето е поставена бомба“, кратко пишувало во мејлот кој, од адреса што не можела да се види, 2–3 минути пред 6 часот утрово стигнал на мејлот на Средното земјоделско училиште во Ваљево.

Сè се случило пред почетокот на наставата, а специјализирани екипи на МВР веднаш биле повикани на лице место, го прегледале училиштето и се увериле дека станува збор за лажна дојава за бомба, па наставата во ова училиште можела да почне со извесно задоцнување. Слична ситуација имало и во Техничкото училиште во Ваљево.

Со оглед на тоа дека во Србија има околу 1.700 основни и средни училишта, тоа значи дека речиси половина училишта добиле вакви дојави!

МВР го известило надлежното обвинителство и покрената е меѓународна соработка за идентификација на испраќачите на заканите. Поради тоа постои сомнеж дека дојавите за бомби стигнувале од странство, пишуваат локалните медиуми.

закани сербија училишта меилови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

ВЕСТИ October 4, 2025

Наместо правда и целосна одговорност сведоци сме на пропусти и прикривање. Правдата важи само за…

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.