Израелската армија и палестинската Хамас договорија три тридневни паузи во борбите во различни делови на Појасот Газа со цел да им се овозможи на за околу 640.000 деца да бидат вакцинирани против детска парализа.
Кампањата ќе започне во централниот дел на Појасот Газа со тридневна пауза во борбите, по што ќе следат уште две тридневни паузи на југ и север од енклавата.
Хуманитарната единица на израелската армија, COGAT, соопшти дека кампањата за вакцинација ќе се спроведе во координација со израелската армија, а како дел од рутинските хуманитарни паузи кои ќе му овозможат на населението да стигне до медицинските центри каде што ќе се вакцинираат.