Арбен Таравари во изјава за ТВ Телма демантира дека неговата коалиција ќе раководи со шест министерства и додава дека се уште е рано да се прецизира. Негира и дека веќе е постигнат договор на „Вреди“ да и припадне позицијата претседател на Собранието.
Екипите на ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ работат интензивно, мислам дека со заедничката програма се при крај. За кадровските решенија почнато е, но се уште нема никаков договор, така што сите вести што излегуваат се дезинформации додека нема дефинитвен договор. Нормално, претседател на парламентот е едно од нашите барања, вели Таравари.