Кандидатот за претседател на САД Доналд Трамп синоќа одржа телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Се дознава дека украинскиот претседател му честитал на Трамп за кандидатурата од Републиканската партија и го осудил обидот за негов атентат.
Трамп, кој инсистира дека војната меѓу Русија и Украина „никогаш немаше да се случи“ ако тој останеше претседател, кажа дека повикот бил „многу добар“.
По разговорот се појавија и нивни реакции на социјалните мрежи.
Го ценам претседателот Зеленски што ми се обрати затоа што, како следен претседател на Соединетите Американски Држави, ќе издејствувам мир во светот и ќе ја окончам војната која одзеде толку многу животи и уништи многу невини семејства. Двете страни ќе можат да се сретнат и да преговараат за договор што ќе го заврши насилството и ќе го отвори патот кон просперитет, напиша Трамп.
Украина е благодарна за помошта на САД и дека двајцата се договориле да „разговараат на лична средба кои чекори можат да ги сторат за праведен и навистина мир“, се огласи и Зеленски.