Доналд Трамп изрази желба да разговара со рускиот претседател Владимир Путин
Мислам дека ќе разговараме, ја коментираше Трамп можноста за разговор со Путин.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин му ја честиташе победата на Трамп на претседателските избори, велејќи дека е подготвен за контакти со него.
Путин додаде дека не смета дека е срам лично да го побара новиот американски лидер и да му честита.
На Трамп можете да гледате на различни начини, но тој е храбар човек, неговото однесување во моментот на атентатот е доказ за тоа, рече рускиот претседател и додаде дека тоа му оставило силен впечаток.