Прага: Чешката полиција синоќа во близина на Прага открила околу 30 –тина мигранти во камион. И покрај обидите за реанимација, една жена починала.
Повеќето од мигрантите биле во лоша здравствена состојба, но не им била потребна хоспитализација.
Полицијата претпоставува дека мигрантите само минувале низ Чешка кон Западна Европа. Според податоците на чешкото министерство за внатрешни работи, лани во Чешка биле приведени 13.898 лица без валидни документи за престој што е речиси двојно помалку отколку во 2022 година.