Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тринаесетиот преимер

0
By Zoran Ivanov on June 25, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Џелал Незири

Христијан Мицковски е 13-ти премиер на 20-та Влада на државата. Прв беше Никола Кљусев, а потоа Бранко Црвенковски со два мандата и Лубчо Георгиевски со еден мандат. По него, во 2002 година, Црвенковски повторно се враќа на власт, започнувајќи го третиот мандат, за да му отстапи место на Хари Косотви во средината, па следува Радмила Шекеринска за на крајот мандатот да заврши со Владо Бучковски. Во 2006 година на власт дојде ВМРО-ДПМНЕ со Никола Груевски на чело, кој ја водеше владата во три мандати. Во 2014 година технички премиер е Емил Димитриев, а потоа кормилото го презема Зоран Заев. Пред парламентарните избори во 2020 година, како технички премиер доаѓа Оливер Спасовски, па по него на чело на Владата да дојде Димитар Ковачевски. Технички премиер во минатата влада беше Талат Џафери.

Бројот 13 е познат како несреќен. Суеверија распространети низ светот ги натера луѓето да се плашат од оваа бројка. Особено ако се падне во петок.

Некои хотели немаат соба со број 13, додека многу облакодери немаат означен 13-ти кат, скокајќи директно од 12 на 14.

Некои авиокомпании исто така одбиваат да имаат 13-ти ред во нивните авиони.

Ќе има ли среќа Мицкоски? Со оглед на резултатите на неговите 12 претходници, се чини дека да. Тие, кој помалку, а кој повеќе, ја убиваа она што го одржува секој човек жив и активен во својата татковина: НАДЕЖТА. Со партизацијата на институциите, верските заедници, полицијата, обвинителството, судовите, бизнис секторот, универзитетите…овие партии инсталираа хибриден систем, каде строгата контрола од една партија беше заменета со контрола од две-три владејачки партии. Се инсталира еден вид демократски комунизам, каде партискиот човек беше помоќен од законот, а законот важеше само за обичниот граѓанин.

Мицкоски има слободен простор да направи радикални промени: има две третини во Собранието, има претседател на држава, ги има општините, има европска и американска поддршка. Никој не може да го уцени зошто ги има бројките.

Поради оваа причина, Мицкоски не може да биде „побаксуз“ од претходните премиери. Напротив, бројот 13 може да му донесе среќа доколку навистина сака позитивни промени, кои значат европеизација на државата и општеството.

Ќе има среќа ако се обиде да биде премиер на сите граѓани, без разлика на нивниот етнички, политички или географски идентитет. Тој добро ги познава Албанците, со нив долго време работеше во изградба на мали хидроцентрали. Што се однесува до основната комуникација, тој зборува и албански. Мицкоски има шанса да стане чувар на правата на немнозинските народи, за разлика од челниците на ВМРО-ДПМНЕ пред него. Во секоја здрава демократија, мнозинството ја игра улогата на гарант и промотор на правата на немнозинството. За разлика од Груевски, Мицкоски не треба да ги искористува слабостите на албанските партии, во власта и во опозиција, за да им го отежне животот на албанските граѓани во РСМ.

Се ќе зависи од него. Самиот Мицкоски ќе ја одреди неговата судбина. Опозицијата ќе биде во долг сон неколку години. Неговото мнозинство не зависи од други партии за да биде уценет или притиснат. Дали бројот 13 ќе му донесе лоша или добра среќа, ќе зависи од самиот Мицкоски. Оправдувања нема да може да има. А и суеверијата немат никаква улога во политиката. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.