Три лица загинаа, а пет се повредени во сообраќајката што се случи попладнето на автопатот Скопје – Велес. Несреќата е пријавена во 17.45 часот, а до неа дошло откако на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот, се превртело комбе.
Констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На местото на несреќата увуд вршеа јавен обвинител и полицијата.
Поради сообраќајката беа блокирани двете сообраќајни ленти на автопатот Скопје – Велес и сообраќајот беше во прекин од 17.45 часот и истиот се одвиваше преку патот Петровец – Велес, Миладиновци – Св.Николе и Велес – Штип.
Автопатот Скопје -Велес вечерва е повтроно пуштен за редовенј сообраќај.