Централниот одбор на ДОМ, на вечерашната седница, донесе одлука да не го поддржи т.н. француски предлог за започнување преговори со ЕУ.
„Остануваме доследни на ставот дека билатералните прашања, особено оние кои се однесуваат на идентитетски, историски и образовни теми не треба да бидат дел од преговарачкиот процес. Исто така, ДОМ останува доследен на остварување на стратешката цел – членство во ЕУ, согласно европските и
зелените вредности“, се вели во соопштението на ДОМ.
Централниот одбор на ДОМ заклучи дека партијата во изминатиот период имаше одговорен и конструктивен пристап кој треба да продолжи и во иднина.
„Особено сме загрижени поради длабоката поларизација во македонското општество и активно ќе работиме во функција на нејзино надминување“, порачуваат од ДОМ.