На Меѓународниот ден за толеранција, ЦИВИЛ ги повикува државата, институциите, граѓанското општество и медиумите активно да придонесуваат кон градење на културата на дијалогот, мирот и ненасилството, да ги прифатат и уважуваат различностите како богатство, и максимално да ги почитуваат универзалните човекови права и слободи. Државите, политичките и други центри на моќ, кои ги кршат човековите права, спроведуваат насилство и водат војни треба да се сопрат и да се соочат со одговорност за сторените злосторства. Толеранција значи почит за богатата разновидност на културите на нашиот свет, различните форми на изразување и начини да се биде човек. Дел од принципите на толеранцијата е и признавање на универзалните човекови права и слободи. Линк