Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ: Можност за пријавување кршење на човековите права достапна за граѓаните

0
By Zoran Ivanov on December 1, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЦИВИЛ ја подобри и реактивира онлајн платформата за пријавување кршење човекови права, која овозможува безбедно и доверливо пријавување случаи на дискриминација, полициска бруталност, закани, притисоци, уцени или насилство од страна на службени лица, политички партии или групи.

Платформата е дизајнирана на тој начин што овозможува анонимност и доверливост, како и секогаш порано, овозможувајќи на граѓаните да пријавуваат без страв од последици. Граѓаните се охрабруваат да ги споделат своите искуства, што ќе помогне во следењето, документирањето и справувањето со повредите на основните човекови права.

Како функционира

  1. Формуларот е на македонски и албански. Пријавата може да биде на било кој од тие јазици;
  2. Задолжителни полиња во формуларот се описот, локацијата и датумот на инцидентот / случајот што се пријавува;
  3. Доколку постојат, пожелно е да се прикачат докази, како фотографии или видеа.

Лични податоци не се бараат освен ако пријавувачот не избере да ги внесе за понатамошна комуникација со организацијата. Секој извештај се третира со највисоко ниво на доверливост, така што имињата на лицата што пријавуваат нема да бидат споделени со јавноста или со било која институција или медиумите.

Зошто пријавувањето е важно

Со пријавување на повредите, се помагаат напорите да се открие и разобличи неправдата и да се засили борбата за заштита на човековите права. Придонесот на секој поединец е клучен чекор за одговорност и правда.

Како да се пристапи до формуларот

Формуларот е достапен на овој ЛИНК. Повеќе информации за оваа иницијатива може да се најдат на медиумската платформа на ЦИВИЛ, ЦивилМедиа на македонски, Drejt на албански и CivilToday на англиски.

„Придружете ни се во борбата за правда и човековото достоинство. Заедно можеме да направиме разлика“, повикува организацијата која оваа акција ја обновува на волонтерска основа, без финансиска поддршка од било каков донатор.

ЦИВИЛ е организација за човекови права, демократија, еднаквост, правда и правичност, основана пред 25 години, во 1999 година, како изворна граѓанска иницијатива што потекнува од граѓанките и граѓаните. Во својата 25-годишна историја, ЦИВИЛ стана една од најпознатите организации во земјата подеднакво почитувана и поддржана од сите заедници во земјата, за што сведочат бројните изјави (линк) од видни личности во општеството и политиката.

ЦИВИЛ

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

ВЕСТИ October 3, 2025

Петнаесетина дронови ја надлетаа белгиската воена база „Елзенборн“ во источната покраина Лиеж, потврди канцеларијата на…

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025

Време: Зимата ја претрка есента

October 3, 2025

Дронови го затворија аеродромот во Минхен – откажани 17 летови

October 3, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.