Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турција: Насилството врз жените го однесе животот на 20-годишна студентка

0
By Светлана Јовановска on February 16, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мртвото тело на 20-годишната студентка Озгечан Аслан беше пронајдено во петокот на југот на Турција. Девојката била силувана, убиена и потоа спалена. Настанот ги револтираше Турците кои излегоа на улица во големите турски градови за го искажат својот гнев поради се поголемото насилство врз жените во земјата.

Студентката исчезна на 11 февруари a два дена подоцна беше најдено нејзиното тело. Според локалните медуми, девојката била силувана и потоа убиена со железен стап. Осомничен за убиството е шоферот на автобусот во кој девојката се возела враќајќи се од факултет. Шоферот добил помош за убиството од двајца соучесници од кои едниот бил таткото на девојката а другиот и ги исекол рацете и ја запалил за да се уништи секој траг од ДНК.

Тројцата осомничени брзо биле пронајдени и го признале силувањето и убиството и се наоѓаат во затвор.

Денес феминистичките здруженија повикаа да се облече црна облека како знак на жалост а социјалните мрежи вријат од пораки во кои се изразува револтот и се повикуваат жртвите на насилството против жените да излезат од молчењето и да ги изнесат своите искуства. Овие пораки се испраќаат под хаштагот #sendeanlat што значи «раскажи и ти». Насилството против жените е практично баналност во Турција, тврди една жена која учествуваше на протестите во Анкара и чии што зборови ги пренесува агенцијата АФП.

Хакан Челан, познат презентер на турскиот Си-Ен-ЕН исто така облече црнина: «Злосторството е ужасно. Јас сум маж и се срамам».

Опозицијата ја обвинува власта дека зад ова зголемено насилство против жените стои религиозниот морал кој го застапува партијата на власт АКП која ја води земјата од 2002 година.

Претседателот Ердоган често дава изјави во кои се потценува жената. Така Ердоган изјави дека еднаквоста помеѓу мажите и жените е против природна а портпаролот на владата им советуваше на жените да бидат пристојни и во јавноста да не се смеат на глас.

Владата реагираше на убиството на студентката а Ердоган го посети семејството заедно со неговите две ќерки. Премиерот вети широка кампања за борба против насилството врз жените па дури вети дека «ќе им ги скрши рацете» на оние кои се насилни врз жени.

Единствената жена министер во турската влада посака да се воведе повторно смртната казна, укината во 2004 година на барање на ЕУ: «Не како министер туку како жена и мајка, мислам дека злосторствата од овој вид можат да бидат казнети со смртна казна. Можеме да дебатираме на таа тема», рече министерката.

На интернет се појави и петиција која бара казна за убијците и на која се потпишани 700.000 луѓе.

Феминистичките здруженија велат дека убиствата на жените се многу зголемени во последните десет години и во 2014 година имало 300 убиени жени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.