Анкара: Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ соопшти дека одлучила да го продаде целиот свој удел од 49 отсто од акциите во „Ер Албанија јавија албанскиот информативен портал „Шчиптариа“ и англиското издание на турскиот портал „Хаберлер“.
Турскиот авиопревозник ја информираше јавноста за одлуката на одборот на директори во соопштение за медиумите, додавајќи дека ќе им даде дополнителни информации на инвеститорите во врска со продажбата на акциите.
„Ер Албанија“ е национален превозник на Албанија. Компанијата е основана во ноември 2017 година со помош на „Туркиш ерлајнс“ и беше официјално отворена во септември 2018 година.
Продажбата на акциите на „Туркиш ерлајнс“ во „Ер Албанија“ доаѓа во момент кога „Туркиш ерлајнс“ ги преиспитува своите меѓународни инвестиции и стратегијата за проширување, забележува порталот.

