Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Твојот човек“ оди на студирање во Бугарија

0
By Zoran Ivanov on October 17, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зошто повеќе од 600 матуранти годинава светлината ја видоа на онаа страна од тунелот што немаше излез – како што тврдеше министерот за транспорт и врски Александар Николоски – во Бугарија.

Билјана Богдановска

Нови генерации – стара траса. Вака некако може да се опишат условите за македонските студенти, кои ќе одлучат да го продолжат своето образование во некој од македонските факултети, без разлика дали е државен или приватен.

Стари згради, со стара опрема, темни дворови со уште потемни ходници. Оскудни лаборатории, без научни програми. Студентски домови со денови оставени без вода, парно, струја… Превоз бесплатен, но во автобуси кои не доаѓаат. Тие од внатрешноста и превозот треба скапо да си го платат. Станарината дополнително. Субвенциониран оброк со едвај 140 денари. Барањето за 10 денари плус чека нов Буџет. Ни ваучерите од 250 евра за нов телефон, таблет или лаптоп со кој професорот и премиер Мицкоски се обиде да ги залаже студентите, не ги одврати новите бруцоши својата среќа да си ја побараат во некоја друга земја: Словенија, Бугарија, па и подалеку.

Не е само среќа, туку и можност.

И тука можеби е најголемата разлика меѓу нашите и нивните факултети. По завршување на нашите факултети, на студентите им треба среќа, к`смет и погодна партиска определба за да најдат работа, а при запишување на факултет во некоја друга земја, нашите студенти имаат можност! Можност за соработка со врвни професори, љубопитни и храбри студенти – колеги, со кои можеби ќе откријат нешто ново. Новото ќе имаат со што да го откријат, затоа што на располагање им се современо опремени лаборатории каде нема што нема, а тоа што нема – се нарачува.

На нашите факултети студираат бесценети, неизбрусени умови. Но, брусилица тешко се наоѓа.
Додека нашите студенти веќе одлично пливаат во брзиот поток на технологијата, факултетите ја чуваат традицијата на прединдустриската ера.

Освен некои инцидентни случаи, професори-ентузијасти, кои од ништо прават нешто и ги инспирираат жедните студенти. Организиран, системски овозможен, поддржан развој на науката, тешко можеме да очекуваме. Вложувањата во факултетите се во рамки на грешка. Најчесто и тоа се случува со донација. Државата спие.

Силните ветувања пред секој почеток на академска година се сведуваат на празни флоскули, политички коректни изјави. Реална поддршка, на пример со ваучери за електронски уреди, и нереални ветувања за современи факултети и уште посовремени студентски домови, кампуси како што милуваат професорите на власт да ги нарекуваат.

Гордите најави на професорката и министерка за образование и наука Весна Јаневска за дигитализација, ги остави студентите на 1 октомври во редици да чекаат за сместување во речиси единствениот функционален студентски дом во Скопје. Другите се реновираат! Која генерација студенти ќе влезе во нив? Изгледа ќе треба да почекаме неколку изборни циклуси за да видиме.

Сетете се на условите во домот во кој се сместени идните лекари! Па, не е чудо што голем број од оние кои веќе станале лекари, сега ни се смешкаат од билбордите и нѐ молат за гласови за да седнат во градоначалничка или советничка фотелја. Каде спиеле додека студирале(!), па сега таа фотелја им се гледа како меко облаче.

Се сеќавате на редиците на Медицинскиот факултет во Скопје за запишување семестар! Дигитализација?

Поразително е што повеќето од студентите не гледаат иднина во Македонија. Затоа дел од нив можноста ја бараат во соседните и европските држави. Запишуваат факултет на насоки што и кај нас ги има, но не е исто. Нашите факултети се сведуваат на табла (нека е и електронска), креда и амфитеатар, а оние странските се повеќе како компании, организации, каде се овозможува работа на студентите и на терен и во лабораторија.

Ако припадниците на генерацијата Зет, според различни светски анализи, се карактеризираат како дигитално софистицирани, ултрафокусирани, етички купувачи, свесни за животната средина, разновидни, насочени кон финансии, со потреба за подобар пристап, не за поседување, активисти на социјалните мрежи, политички прогресивни и почитувачи на правата, тогаш генерацијата Алфа, чии претставници се годинашниве студенти, припаѓаат на новата индустриска револуција, која ни се случува сега и овде.

Генерацијата полна со јутјубери, тик-токери и гејмери која ја нарекуваат и генерација на „скринејџери“, дигитални домородци и номади во отворениот онлајн простор, но и „стаклена“ генерација, тешко поминува низ темните ходници на македонските факултети.

Повеќе од 600 матуранти годинава светлината ја видоа на онаа страна од тунелот што немаше излез, како што тврдеше министерот за транспорт и врски Александар Николоски – во Бугарија. Сите студенти се должни да полагаат приемен испит по јазик, литература и историја на Република Бугарија. А македонштината?

Кој ги поттурнува нашите деца кон белиот свет преку тунел без излез, еднонасочно?

Додека Јаневска да ја воведе вештачката интелигенција во основното, средното и високото образование, додека да ги обучи наставниците, за тие да ги учат децата, матурантите веќе си пробиле пат кон иднината – преку Софија и Љубљана. Со или без субвенциониран оброк!

Сѐ додека во Македонија ти треба „твојот човек“ за градинка, за школо, за факултет, за вработување… децата ќе ни бегаат отаде тунелот.

Тексатот е сопсственост на Независен.мк

 

Билјана Богдановска колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.