НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Убиства, насилство, тепачки и – оградата на Владата на „нашата земја“

0
By Zoran Ivanov on July 17, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дехран Муратов

Во период од само неколку месеци има повеќе убиства и обиди за убиства со огнено оружје и за жал ниту еден случај нема целосна разрешница. И додека граѓаните се чувствуваат незаштитени и небезбедни, Владата предводена од Христијан Мицкоски реши да ја врати заштитната ограда на Никола Груевски. Дали тој потег е за поголема безбедност на владините претставници или е само дефокус од реалните проблеми?

Убиства за време на ВМРО-ДПМНЕ и министерот Тошковски

  • Не се знае кој го уби матичниот доктор Ацо Трповски на паркингот пред Поликлиниката Железара.
  • Не е расчистен случајот кој го застрела пејачот Амар Исмани и повреди уште двајца на Пластичарска.
  • Убиството во скопско Батинци се уште е неразјаснето. Полицијата се уште трага по сторителите, од крушуми од калашников беше убиен 34-годишниот Абдил Ибрахими, а повреден беше 31-годишниот сопатник во неговиот автомобил, за кој се верува дека е негови брат.
  • На 5 јули, во Тетово е ликвидиран лицето со иницијали Р.Т.(39). И овој случај не е расчистен.
  • Остава сомнеж и случајот со починатото 24 годишно момче кој пред да подлегне на повредите од пожарот изјавил дека бил киднапиран во Ченто и натеран присилно да се замозапали во Ќојлија. Истрагата на полицијата утврди дека 24 годишниот Б.А. лажел, односно дека тој со запалива течност го полеал контејнерот на агенцијата за рент-а-кар во Ќојлија и го запалил, при што од настанатата експлозија, кај него настанале повреди по телото-изгореници, од кои на 7 јули оваа година тој починал.
  • Почина бизнисменот Чедомир Радомировиќ, кој вчера беше пронајден во скопското с. Орман со повреди на главата, а покрај него имало пиштол и чаураи. Не се знае дали е убиство, самоубиство, или несреќен случај.
  • Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник од с. Суви Дол, Македонски Брод, кој во двор на куќа во селото Калуѓерец со ловна пушка уби 31-годишен професионален војник во АРМ.

Ова се само дел од случаите кои беа актуелни во изминатите месеци.

Од опозициската партија СДСМ велат дека состојбата со убиствата станува алармантна, а безбедноста на граѓаните е во ризик поради постојаните пукања.

„Македонија станува сцена од каубојски филм каде убиствата и уличните пресметки се секојдневие. Најстрашно е што нема разрешница на ниедно убиство во последните шест месеци откако Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ раководат со МВР. Оваа неспособност на МВР е загрижувачка и ги охрабрува криминалците. Додека Мицкоски се сили како наводно криминлаците се плашеле од него, државата заличува на предградие на мексикански град каде владеат картелите“, велат од СДСМ.

Горенаведените убиства се случуваат во време кога министер за внатрешни работи е Тошковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Убиства во време на СДСМ и ексминистерот Спасовски (2023 година)

Во „Шиша бар“ на 6 март, убиени се Јетон Кривањева-Жила и Есен Исеинов-Љаци.

Три месеца подоцна, во Приштина е убиен Бљерим Даци, македонски државјанин од Чаир, а неговото безживотно тело беше најдено во автомобил со македонски регистерски таблици.

Нешто подоцна, на 15 јули во Халкидики, Грција, е убиен Орхан Бајрами-Оки, а неговиот пријател Сеад Слезовиќ бил повреден.

Во почетокот на оваа година во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, убиен е Н.Т. таткото на Гани Туша, лицето кое се наоѓа во затвор поради убиството на Орхан Бајрами – Оки. Пред убиството имало пожар во кафулето „Барон“.

Во „Ист Гејт“ на 24 октомври е пукано кон Раде Трајковски Штекли, но беше само повреден. Кон него, на истото место беше пукано и два месеца порано, на 25 август, но не беше погоден.

Случајот што ја шокираше јавноста 

Основачот на Десна, Љупчо Палевски Палчо е првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Обвинението се заснова на усни и материјални докази за дејствијата на обвинетите, но бидејќи продолжува постапката против првоосомничениот Палевски, кој неодамна беше екстрадиран од Република Турција, Јавното обвинителство не соопштува детали за доказите.

Да потсетиме, малата Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а Панче од Велес на 24 ноември 2023. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи осомничени се пет лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) ја признаа вината.

Тепачки, вандализам, насилство…

Но, покрај убиствата, има серија на масовни тепачки, како што беше случајот во Злокуќани или во Штип.

Јавноста беше згрозена и од видеоснимките на кои млади лица насилно се однесуваат и кршат реквизити на детски игралишта.

Справувањето со девијантното однесување кај младите бара поширока кампања, истакна проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова од Институт за социологија при Филозофскиот факултет при средбата со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

– Решението за девијантните појави и однесување кај младите бара поширока кампања во која не
треба да бидат вклучени само стручни лица, туку треба да има општа мобилизација и работа не
само со децата, туку и со родителите за да имаме резултати, рече Иванова.

Справувањето со вандализмот бара законски измени кои ќе ги предложиме до ЗЕЛС, истакна Герасимовски. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.