Скопје: Центарот за рангирање на светски универзитети CWUR ја објави листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2024 година, на која државниот Универзитет Св. Кирил и Методиј од Скопје е рангиран на 1.990 место.
УКИМ е на истата позиција од минатогодишното рангирање и се уште е единствениот македонски универзитет кој се наоѓа на ова рангирање.