Три дена пред црниот јубилеј од 1000-дневна целосна руска агресија против Украина, воздушните тревоги продолжуваат. Рускиот терор од воздух е насочен против цивилни цели, како цинична казна и покритие за неуспехот на бојното поле.
Украинската амбасадорка Лариса Дир води дневник на главни настани од оваа брутална инвазија на социјалните мрежи.
Ден 997. Трета воздушна тревога во Кијив. Русите користат термобарични дронови истовремено со привлекувачки алатки. Ова смртоносно оружје на рф убива цивили и уништува станбени згради. Ова е кога принципот на „два ѕида“ не спасува – првиот ѕид целосно се уништува, а потоа сè се испепелува, напиша амбасадорката Дир на социјалната мрежа Х.