Киев: Русија синоќа со дронови го нападна главниот украински град. Противвоздушната одбрана пресретнала и уништи 20-тина беспилотни летала.
Тоа е осми руски напад овој месец врз Киев.
Руски беспилотни летала се движеа кон Киев од различни правци и во неколку групи, објави на Телеграм шефот на воената администрација на Киев, Сергеј Попко.
Тој додаде дека, според прелиминарните информации, нема жртви или причинета материјална штета.