Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ураганот Кирк се движи кон Европа, ќе ги погоди Франција, Белгија, Холандија и Германија

0
By Marija Todorovska on October 7, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Париз: Во Атлантскиот Океан е забележана интензивна активност на урагани, додека во Јужна Америка потпросечните врнежи неколку месеци доведоа до силна суша.

Ураганот Кирк се движи кон Европа. Во централниот дел на Атлантикот тој достигна статус на четврта категорија, со максимална брзина на ветерот од околу 233 километри на час. Додека Кирк се движи североисточно кон Европа, оставајќи зад себе топли води, се очекува до понеделник да биде намален на ураган од прва категорија.

Во текот на следните неколку дена, ураганот Кирк ќе помине низ процес познат како екстратропска транзиција, што значи дека ќе го изгуби статусот на ураган кога ќе стигне до европските брегови во вторник или среда. Иако постојат одредени несигурности во метеоролошките модели за точниот пат на овој екстратропски циклон, се предвидува дека ќе се движи над северна Европа.

Франција, Белгија, Холандија и северна Германија очекуваат најсилни ветрови и најобилни врнежи. Ако системот се придвижи малку подалеку на север, најјужните делови на Велика Британија исто така би можеле да доживеат обилни врнежи.

Во Јужна Америка, пак, сушата е сериозна криза за многу региони по неколку месеци на потпросечни врнежи. Таа ситуација неодамна предизвика големи шумски пожари во Бразил. Нивото на водата во реката Амазон опаѓа со месеци и го достигна најниското ниво во последните 120 години, особено на пристаништето Манус. Сегашниот водостој е 12,66 метри, додека просечното ниво е 21 метар. Се очекува нивото на водата да продолжи да се намалува во текот на следните неколку недели. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.