Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Урсула фон дер Лајен денеска во Тирана утре во Скопје

0
By Zoran Ivanov on October 23, 2024 ВЕСТИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во посета на Тирана, изјави дека следната недела Европската комисија ќе го објави извештајот за напредокот на проширувањето, каде Албанија постигна одлични резултати.

Знаеме дека процесот да се стане земја-членка за отворање преговори е многу јасен, детален и транспарентен. Следната недела Комисијата ќе го објави извештајот за проширувањето за секоја земја кандидат. Резултатите за Албанија се одлични. Сите земји членки во овој процес продолжуваат според нивната позиција, изјави Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Еди Рама.

Таа додаде дека Албанија е на „добар пат за влез во Европската Унија“, дека отворањето на преговорите за Албанија е успех на долгогодишна работа покажа визија, и оти проширувањето на Европската Унија ќе биде приоритет во нејзиниот нов мандат.

Фон дер Лајен истакна дека од планот за раст за Западен Балкан Албанија ќе добие 920 милиони евра.

Од своја страна Рама искажа голема благодарност до претседателката на ЕК, за „ безрезервната поддршка“, додаде дека „неговата земја е одлучна на својот пат кон интеграција и дека ова е единствената точка каде Албанците, кои се нај европски народ не се поделени“ и рече дека „местото на Албанија е во ЕУ“.

Денеска е многу посебен ден и денеска нема да ја повторите реченицата со која ги затворавте сите претходни прес-конференции: сакаме да започнеме преговори. Денеска дојдовте во Албанија затоа што сега Албанија седи на преговарачка маса за преговори и ја отвори првата група која влегува во новата фаза, а кога повторно ќе дојдете на конференцијата сакаме да дојдете да кажете дека сакаме членство на Албанија во ЕУ. Ние сме многу решени за ова, нашиот преговарачки тим во Брисел покажа дека е на висина на задачата. Знаеме дека предизвикот станува тежок и дека сега почнува работата. Добредојдовте во нај про-ЕУ земја во Европа, рече Рама.

Тој истакна дека Албанија веќе не е изолирана земја во светот, туку тесно соработува со Европската Унија и другите сојузници, вклучително и Соединетите Американски Држави.

Албанија има уште многу планини што треба да ги надмине додека не го достигне највисокиот врв, а тоа е членството, а ние мора да го достигнеме тоа во оваа деценија. Сакаме да бидеме подготвени во оваа деценија. Ако сме подготвени до 2030 година да бидеме членки на ЕУ, тоа значи дека за Албанија и Албанците ќе има држава која ќе функционира како држава на ЕУ и тоа е најважно за мене и за сите нас, рече тој .

На новинарско прашање во врска со договорот Албанија-Италија за мигрантите, таа рече дека нема да го коментира. И на прашањето за апсењето на поранешниот албански претседател Илир Мета го даде речиси истиот одговор.

Нема да коментирам за судските постапки. Ние соработуваме со Албанија за судските реформи, но тоа нема никаква врска со поединечни случаи, рече таа.

За апсењето на Мета не сакаше да коментира и Рама, додавајќи дека тоа е „работа на албанските независни судски инстанци“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025
ФОКУС

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

ВЕСТИ October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска издаде последно предупредување до жителите на Газа да…

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025
ТИКЕР

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.