Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ванг: Решение за војната во Украина е прекин на огнот, преговори и воздржување од санкции

0
By Zoran Ivanov on September 25, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Позицијата на Кина во однос на решението за конфликтот во Украина и натаму е веднаш да се воспостави прекин на огнот и да се седне на преговарачка маса, како и западните земји да се воздржат од санкции и економски притисок врз една од страните во конфликтот, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Сите страни треба да му дадат приоритет на мирот и да бидат вистински посветени на промоција на мировните преговори, рече шефот на кинеската дипломатија за време на состанокот на Советот за безбедност на ОН.

Во овој контекст, тој изјави дека е неопходно да се запрат воените конфликти за да се спречи проширување на воената зона.

Тој, исто така, се осврна на недозволивоста за користење нуклеарно оружје и оштетување нуклеарни објекти, како што се нуклеарните централи. „Колку повеќе оружје се насочува во воената зона, толку е потешко да се постигне прекин на огнот“, рече кинескиот министер и ја нагласи потребата од итен дијалог и преговори како „единствен остварлив начин“ за решавање на „украинската криза“. „Во спротивно, кризата само ќе се влошува“, истакна Ванг.

Тој додаде дека е неопходно „да се воздржиме од прелевање на кризата“ врз светската економија и укажа на потребата западните земји да се воздржат од санкции и блокирање на одредени области на светската трговија, бидејќи, како што оцени, ова „го загрозува одржливиот развој – една од целите на ОН“.

Тој исто така нагласи дека позицијата на Кина за ситуацијата во Украина останува конзистентна.

Мора да се почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји. Мора да се исполнат целите и принципите на Повелбата на ОН. Легитимните безбедносни грижи на сите земји мора да се сфатат сериозно, а исто така е важно да се поддржат сите иницијативи кои имаат за цел решавање на оваа криза, заклучи Ванг.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.