Американскaта потпретседателка, Камала Харис вечерва треба да одржи говор по поразот на претседателските избори од Доналд Трамп.
Харис треба да се појави во Вашингтон во 22 часот по средноевропско време каде што нејзините поддржувачи се собраа синоќа за да ја прослават победата што не се случи.
Според Си-Ен-Ен, Харис ќе побара од нејзините поддржувачи ширум земјата да ги прифатат резултатите од претседателските избори и ќе ја покани целата земја да работи заедно на изнаоѓање заеднички допирни точки и цели.
Харис се обидела да стапи во контакт со новоизбраниот претседател Доналд Трамп, изјавија нејзините соработници за Си-Ен-Ен, но тоа се уште било успешно. Таа сакала, велат нејзините помошници, да разговара со Трамп пред нејзиниот говор