Околу 1,4 милиони нелегални мигранти во САД добија наредба да бидат депортирани од страна на федералниот суд за имиграција. Од оние кои добија наредба да се вратат во матичните земји, околу 13.000 моментално се во притвор, објави „ Фокс њуз “.
Бројката од 1,4 милиони значи дека на овие луѓе им биле разгледани и решени случаите за миграција. Некои од нив можеби сè уште имаат можност да се жалат, изјави службеник за американската телевизија.
Овој број опфаќа период од неколку години, преку различни претседателски администрации и се менува бидејќи некои нелегални мигранти се депортирани, а други добиваат наредби за депортација.